20 Април, 2024
0.0260

КОИ СЕ ДОБИТНИЦИ И ГУБИТНИЦИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА - еве чии акции најмногу пораснаа, а кои отидоа во зоната на негативата

Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Паднал берзанскиот промет, бројот на трансакциите, берзанскиот индекс, како и пазарната капитализација на компаниите што котираат на Берзата.

Сепак, во година која важеше за воена, инфлациска, енергетски проблематична и исклучително кризна, Берзата успеа да оствари вкупен промет од 7,44 милијарди денари или над 121 милиони евра, што сепак, во однос на годината претходно, е намалување за 42 проценти.

Што друго уште ни покажува годишниот берзански билтен?

Од него може да се види дека Македонскиот берзански индекс МБИ10 5.652,23 поени, што е пад за 8,14 отсто. Во текот на минатата година биле реализирани вкупно 12.274 трансакции, каде исто така има намалување во однос на 2021 година и тоа за над 16 проценти.

Додека, пак, котираните берзански компании на крајот на минатата година имале вкупна пазарна капитализација од 214 милијарди денари, односно 3,48 милијарди евра. Тоа значи дека толку пари можат да се земат за нашите фирми котирани на берзата доколку сите нивни акции се продадат во исти ден, а во однос на претходната година тоа значи намалување за 4,3 отсто.

Кои акции лани биле најтргувани веројатно е и прашање што не треба да се поставува, бидејќи таа чест речиси секоја година наназад им припаѓа на неколку компании чии акции важат за „мед и млеко“ на берзата, а инвеститорите секогаш бараат акција повеќе на берзанските тргувања.

Па така, најтргувана акција на Берзата лани била онаа на Комерцијална банка, чија просечна цена изнесувала 11.996 денари, а количината на истргуваните акции била 162.763. Вкуупниот промет е 1,59 милијарди денари, а направени биле 6.663 трансакции.

Втора најтргувана акција е онаа на фармацевтската компанија Алкалоид, чија просечна цена лани била 17.476 денари, а истргуваната количина е 49.129 акции. Вкупниот промет со оваа акција изнесувал 859 милиони денари, а биле направени 3.152 трансакции.

Потоа како најтргувани акции следуваат оние на НЛБ Банка Скопје, Макпетрол, Гранит, Стопанска банка Скопје, Реплек, Македонија Турист, ТТК банка, Тетекс Тетово и други.

Што се однесува до тоа кои акции имале најголем пораст или пад, во берзанскиот графикон се искристализирале следниве десет акции.

Да ги видиме прво добитниците.

Најголем пораст лани имала акцијата на ГД Тиквеш од Кавадарци, чија основна дејност е земјоделско производство. Нејзината акција од 157 денари на почетокот на минатата година, на крајот на годината пораснала до 1.000 денари по акција, што е раст од 537 отсто.

Втора акција со најголем раст е онаа на Оранжерии Хамзали Струмица, од 100 на 201 денар, што е зголемување за 101 отсто, кое е значајно, но многу помало од претходната акција.

Со силен раст со кој се најдоа на трето место се приоритетните акции на Стопанска банка Скопје, од 472 на 800 денари по акција, што е пораст за 69 отсто.

Следува акцијата на УНИ Банка Скопје, од 2.701 на 4.006 денари, што е зголемување за 48 отсто. Додека, пак, на петтата добитничка позиција се најде акцијата на компанијата Макстил, со раст од над 33 проценти.

Во категоријата на акции со пад, пак, како што и се очекуваше, се најде скопски Бетон, компанија која во минатата година се соочи со тешки финансиски проблеми и влезе во претстечајна постапка, што доведе и до пад на цените на нејзините акции. Па така, од 3.709 денари за акција на почетокот на годината, нејзината вредност паднала на 1.500 денари, или падот е за 59,56 проценти.

На второ неславно место по пад е акцијата на Либерти Скопје, за 35 отсто, а на трето место е скопски Жито Лукс со пад од 32,9 отсто. Во петорката со пад на акциите се и РЖ Уготур Скопје и Стопанска банка Битола, со намалување на цените на акциите од 28,6 и 21,6 отсто соодветно.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин