23 Април, 2024
0.0259

Кои се експертите кои ги селектираа проектите на Фондот за иновации: Тајни се, а земале државни хонорари

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Кои се луѓето кои дале позитивни оценки за проектите на кои Фондот за иновации им одобри пари за иновации и за развој останува тајна. Од Фондот велат дека немаат право да го откриваат идентитетот на надворешните експерти оти тие не потпишале согласност за тоа. Стручнаците биле вклучени во изборот во фаза наречена претселекција и поради нивните оценки проектите стасале во последниот круг за избор. Инаку конечниот збор, според правилатаго имал петчлениот Комитет за одобрување, за чиј состав Фактор веќе пишуваше. Но останува мистерија кои се тие 80 луѓе кои биле ангажирани и платени од државниот буџет, а биле и значаен филтер кон конечниот избор. Владата додели 10,5 милиони евра на осудесетина компании, но изборот е дискутабилен. Основното јавно обвинителство веќе отвори истрага по допрен глас.

Од Фондот за Фактор велат дека се ограничени законски да ги објават имињата.

„Фондот за иновации и технолошки развој како државна институција постапува согласно законите на Р. Македонија. Имено, согласно Законот за заштита на личните податоци, Фондот нема право да го открива идентитетот на стручните лица кои беа ангажирани во предселекција на проектите, веднаш по административната проверка, од причина што нема обезбедена писмена согласност од нивна страна. Постапувањето спротивно на одредбите од Законот повлекува одговорност на Фондот“,  одговорија од Фондот за иновации и технолошки развој.

Фонд за иновации и технолошки развој на крајот на мај го објави  јавниот повик за избор на стручни лица за оценување предлог-проекти во рамки на Столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија.

„Вклучувањето на стручните лица во оценувањето на пристигнатите предлог-проекти е со цел обезбедување транспарентност и стручност во самиот процес на евалуација и претставува новина во однос на работењето на службите на јавната администрација.Стручните лица ќе бидат ангажирани на професионална основа, со точно одредени услови, рокови за исполнување на зададените задолженија, како и право на финансиска надомест преку потпишување договор за соработка со Фондот, објавија тогаш.

Требаше избраните стручни лица да оценуваат предлог-проекти од новоосновани компании (старт-ап), микро, мали и средни претпријатија, во согласност со правилниците за сите инструменти за финансиска поддршка што ги спроведува оваа институција, а нивните имиња да бидат внесени во Регистар на стручни лица и да бидат јавно достапни на интернет страницата на ова владино тело.

Инаку Фондот тогаш бараше кандидати за една или повеќе од различни области, како автомобилска индустрија, биохемија, ветерина, градежништво, енергетика и енергенси, информациски технологии итн. Меѓудругото апликантите требаше да поседуваат најмалку седум години работно искуство во областа, да имаат завршено високо образование и добро да го владеат англискиот јазик.

Во моментов во Фондот за иновации има два активни повици - за кофинансирање на деловно-технолошки акцелератори и финансирање проекти за технолошка екстензија.

Европската унија го поддржува овој проект, а за помош на иновациите во Македонија планирано е да издвои 73 милиони евра од 2014 до 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА