20 Април, 2024
0.0263

Кои се главни фаци на македонскиот банкарски пазар?

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Петте најголеми банки имаат 74,5 отсто во вкупните средства на банкарскиот пазар, пласираат 75 отсто од кредитите и чуваат 78,4 отсто од депозитите на целиот банкарски пазар. Ова е сликата за тоа колкави се големите и какви се средните и малите во банкарскиот систем во кој има вкупно 15 банки

Македонскиот банкарски сектор лани забележал солиден раст во трите најважни категории: вкупни средства, вкупни депозити и вкупни кредити, покажуваат официјалните податоци за минатата година. Најголеми играчи на банкарската лига и понатаму се „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка, а во големата петорка се уште „Охридска банка“ (која наскоро ќе стане дел од Шпаркасе банка“ н.з.) и најбрзорастечката во големата петорка „Халк банка“ која лани и го зеде четвртото место на „Охридска банка“.

Вкупните средства на 15 банки на нашиот пазар лани достигнале 8,19 милијарди евра и во однос на претходната година пораснале за 674 милиони евра. Вкупните кредитни пласмани на крај на 2018 година се 5,205 милијарди евра и тие се поголеми за 366 милиони евра во однос на 2017 година. Вкупните депозити кај банките пораснале за 521 милиони евра до ниво од 6.038 милијарди евра.

„Комерцијална банка“ останува најголема банка на нашиот пазар од аспект на вкупните средства. Банката има 1,861 милијарда евра вкупни средства и во однос на 2017 година тие пораснале за 9,1 отсто односно за 155 милиони евра. Учеството во вкупните средства на банкарскиот сектор на оваа банка е 22,7 отсто и бележи статус кво во однос на 2017 година. Најголемиот конкурент во оваа категорија е „Стопанска банка Скопје“ и таа има 1,493 милијарди евра вкупни средства и тие се за 88 милиони евра поголеми од 2017 година што е раст од 6,3 отсто. Пазарното учество на оваа голема банка е 18,2 отсто и бележи пад од 0,5 отсто во однос на 2017 година. Трета на листата е НЛБ Банка со 1,334 милијарди евра што е за 99 милиони евра повеќе од претходната година. Тоа е раст од 8 отсто. Нејзиното пазарно учество е 16,3 отсто. „Халкбанк“ е четврта во големата петорка со 767 милиони евра вкупни средства. Растот е 81 милиони евра односно 11,7 отсто, а пазарното учество е 9,4 отсто и е зголемено за 0,2 отсто. Охридска банка лани книжи вкупни средства од 644 милиони евра и тоа е за 71 милионие вра повеќе од претходната година што е најголем процентуален раст во однос на конкуренцијата и изнесува 12,3 отсто. Пазарното учество е 7,9 отсто и тоа е за 0,2 отсто поголемо од 2017 година.

Во конкуренција на кредитно портфолио убедливо напред е „Стопанска банка Скопје“. Таа е единствена банка што има кредитно портфолио поголемо од една милијарда евра. Нејзините пласмани се 1,082 милијарди евра,  зголемени се за 4 отсто во однос на 2017 година, а пазарното учество е 20,8 отсто. Оваа банка лани и покрај доминантната позиција бележи пад на пазарното учество за 0,7 отсто. Втора е НЛБ Банка со пласмани од 915 милиони евра и нивен раст од 5,2 отсто во однос на 2017 година. Пазарното учество на оваа банка е 17,6 отсто и е пониско за 0,4 отсто во споредба со претходната година. Трета во големата петорка е „Комерцијална банка“ која има пласмани вредни 851 милиони евра. Таа е единствена во големата петорка која бележи намалување на износот на пласмани и тоа за 7 милиони евра односно за 0,8 отсто. Нејзиното пазарно учество 16,3 отсто и е пониско за 1,4 отсто. „Халкбанк“ на четврта позиција има убедливо најголем раст на кредитните пласмани во големата петорка. Тие изнесуваат 553 милиони евра и пораснале за 91 милиони евра во однос на 2017 година односно за 19,6 отсто. Пазарното учество на оваа банка во оваа конкуренција пораснало за 1,1 отсто на 10,6 отсто. „Охридска банка“ го зголемила кредитирањето за 46 милиони евра до 494 милиони евра на крајот на 2018 година. Тоа е раст од 10,4 отсто. Нејзиното пазарно учество е 9,5 отсто и бележи раст од 0,2 отсто.

Кај депозитите неприкосновена е „Комерцијална банка“ во која веројатно граѓаните и фирмите имаат најголема доверба. Нејзината депозитна база е 1,584 милијарди евра. Таа пораснала за 118 милиони евра во однос на 2017 година што е раст од 8 отсто. Пазарното учество на оваа банка е 26,2 отсто и тоа бележи пад од 0,3 отсто. „Стопанска банка Скопје“ стигна до ниво од 1,2 милијарди евра депозитна база што е раст од 87 милиони евра во однос на 2017 година односно 7,8 отсто. Пазарното учество на втората банка е 19,9 отсто и е пониско за 0,3 отсто. НЛБ Банка ја надмина психолошката граница од милијарда евра и бележи раст на депозитите за 84 милиони евра до 1,064 милијарди. Нејзниното пазарно учество во оваа категорија е 17,6 отсто и бележи пад за 0,1 отсто во однос на 2017 година. Депозитната база на „Халкбанк“ порасна до 449 милиони евра за 48 милиони евра што е раст од 12,1 отсто највисок во оваа конкуренција. Пазарното учество на турската аквизиција на македонскиот банкарски пазар е 7,4 отсто и порасна за 0,2 отсто. „Охридска банка“ има депозитна база од 439 милиони евра и таа пораснала за 42 милиони евра односно за 10,5 отсто. Нејзиното пазарно учество е 7,3 отсто и бележи раст на својата пазарна позиција од 0,1 отсто.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ