16 Април, 2024
0.0269

Кои се мерките и одлуките на новата Влада со кои ЕУ не се сложи во извештајот

Објавено во: Економија 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

ЕУ не се сложува со идејата на Владата да ги субвенционира извозно-ориентираните домашни компании кои покажуваат раст, бидејќи може да настане проблем со Светската трговска организација и да се загрози фискалната одржливост, се забележува во економскиот дел од извештајот што го предаде еврокомесарот Јоханес Хан.

Воведувањето на двочасовната дневна евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата не е во согласност со пазарните правила, сметаат од Европската комисија.Субвенционирањето на невработеноста и минималните плати во буџетот за 2018-та од страна на Владата се недоволно јасни за ЕК како долгорочно ќе се неутрализираат без да се зголемат долговите.

Фискализацијата не се почитува секаде, а судските постапки и натаму се скапи, но новата влада се труди селективноста да се надмине на ова поле, сивата економија и натаму останува голема. Интервенциите на Владата во приватниот сектор и натаму се големи, но се истакнува како позитивно изедначувањето на домашните и странски инвеститори.

Вработеноста во последниот квартал од 2017 пораснала за 1,9 проценти. Млада едуцирана работна сила е потребна во реструктуирањето на економијата, но засега таа е насочена кон работа во странство. Иновациите остануваат на ниско ниво, но Владата преку Економскиот план за развјот сака да ги доближи академските истражувања со компаниите. Вложувањата во енергетиката и транспортот остануваат на ниско ниво, а јавните инвестиции и натаму се на незадоволително ниво во структурата на буџетот.

Концентрацијата на кредитниот потенцијал останува кај три приватни банки, кои се големи во однос на преостанатите мали банки. Не се изнаоѓаат јавно-приватни партнерства, а транспарентноста во тендерската политика не е значително подобрена.

Нема повеќе доцнење и одложување на средства од државниот пензиски фонд во приватните пензиски фондови, но искористувањето на ИПАРД-програмата за финансирање останува нецелосна поради постојаните кадровски промени.

Либерализирањето на пазарот на електрична енергија треба да стане целосен, а ЕУ ги поздравува договорите со Грција и Бугарија за снабдување со гас.Кадарот и техничките капацитети не дозволуваат да се зголеми заштедата на енергија, а искористувањето на ветерот, сонцето и биомасата како обновливи извори не енергија, според комисијата, не го достигна потребното ниво.

Извештајот вели дека заводот за статистика нуди нерелевантни податоци според застарени методи и треба да се модернизира.
Се критикува и малата буџетска ставка за наука од само 0,44 отсто, но пофалена е програмата за помош при вработување на младите.
Новата Влада настојува да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните трошења и долгови, сублимираат од таму.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери