25 Април, 2024
0.0309

Кои се омилени колачиња на македонските кредитори?

Објавено во: Економија, Финансии 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државните обврзници и записи се посакуван инструмент за вложување на големите кредитори (пред се деловните банки, пензиските фондови и други институционални кредитори). Во понудата на државни хартии од вредност најпримамливи се долгорочните обврзници кои нудат солидни каматни стапки и за нив кредиторите „не жалат пара“. Веројатно затоа што годишните каматни стапки се неспоредливо подобри од тие што може да ги добијат за конкурентни вложувања, а ризикот е неспоредливо мал во „мирните води на државниот залив“

Државниот долг во државни обврзници на почетокот на овој месец изнесува 1,78 милијарди евра, официјален податок достапен на веб страницата на Министерството за финансии. Неговите иструменти , обврзниците и записи со различна рочност се средства кои државата досега умешно и успешно ги користи за да финансира сопствени потреби со пари од приватниот сектор. Како ќе биде сега во услови на пандмијата ќе видиме, но кредитирањето на државата веројатно ќе остане еден од најсигурните инвестиции.

Од структурата на домашното државно задолжување се гледа дека особени фаворити на монетарната власт досега беа 15 годишните обврзници и 12 месечните записи. Кумулативно во овие два финансиски инструменти кредиторите (пред се домашните банки и пензиските друштва) имаат вложени над 1,2 милијарди евра.
Со најголем потенцијал и најперспектива во овие две години особено се покажаа 30 годишните обврзници кои кредиторите „ ги јадат како бомбончиња“ (читај банките и институционалните инвеститори н.з.) за кои побарувачката секогаш е барем двојно повисока од понудата.

Најпосакуван инструмент за задолжување досега била 15 годишната обврзница што ја издава Министерството за финансии. Во овој инструмент кредиторите вложиле вкупно 657,35 милиони евра (со и без девизна клаузула). Последната аукција на овој инструмент е одржана на 31 март годинава и годишната каматна стапка била 2,9 отсто. На оваа аукција за прв пат во две години и три месеци во кои се одржани повеќе од 20 аукции побарувачката за обврзници беше помала од понудата така што понудата беше под 50 отсто од понудениот износ на обврзници вреден 1,63 милиони евра.

Втор најкористен инструмент за задолжување е 12 месечниот државен запис. Нивното учество во вкупната структура на домашен државен долг во хартии од вредност што ги издава Министерство за финансии е 551,5 милиони евра. Значајно за овој инструмент е големиот пад на каматата што е добро за државата односно Министерството за финансиии. На последната аукција цената за заемот е 0,5 отсто на годишно ниво и во период од една година таа цена е пониска за 37,5 отсто. Последната аукција на 12 месечни записи била на 31 март годинава, а побарувачката била благо помала од понудата која изнесувала 16,26 милиони евра.

Најперспективен инструмент во овој момент е 30 годишната обврзница која ја воведе Драган Тевдовски во време на неговото министерување. За речиси две години (првата аукција со овој инструмент беше на 24 април 2018 година н.з.) кредиторите во овој инструмент вложиле 131,7 милиони евра. Веројатно главен стимулатор за кредиторите е годишната каматна стапка која изнесува 4 отсто за вложување во 30 годишни записи. На последната аукција побарувачката за овој инструмент била за повеќе од три пати поголема од понудата. Така на 28 јануари биле понудени обврзници во вредност од 15 милиони евра, а се барале 50 милиони евра.

Следна во понудата е 5 годишната обврзница со досегашна вкупна вредност од 134,1 милиони евра. Последната аукција е одржана на 3 март годинава (единствена годинава н.з.) со годишна каматна стапка од 1,4 отсто. Понудата била 17,9 милиони евра, а побарувачката поголема за речиси 5 милиони евра.

Финансиски инструменти кои не се фаворити или се чуваат во резерва се обврзиниците со рок на отплата од 2 години од 3 години. Кај тригодишната обврзница последната аукција била одржана пред 2 годинисо годишна каматна стапка од 1,5 отсто. Вкупната вредност на 3 годишните обврзници е 91,4 милиони евра. Двегодишни обврзници последен пат се понудени лани во јануари со годишна каматна стапка од 1,1 отсто. Нивниот вкупен износ е 74 милиони евра колку што е обврската на државата да плати на досегашните кредитори.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди