07 Декември, 2025
0.1382

Кои се победниците и губитниците по првата претседателска дебата во САД?

Анализа на весникот „Вашингтон пост“ на синоќешната прва дебата на кандидатите за претседател на САД - Клинтон и Трамп

Објавено во: Свет 27 Септември, 2016 14:17

Добивај вести на Viber

Првата претседателска дебата меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп веќе е во историјата. Како секоја дебата и во оваа најважното нешто, кое ги привлекува гледачите и учесници, е кој ќе победи и кој ќе изгуби. 

Еве како гледа на синоќешните настани весникот „Вашингтон пост“.

Победници

- Хилари Клинтон - иако демонстрира недостатоци за време на телевизиската дебата (впечатоци за премногу излитено и автоматизирано однесување, не покажување на емоции итн.) - кандидатот на демократите за претседател беше далеку подобра од својот противник, пишува весникот. Таа го порази во спорот за даноците и се измолкна елегантно од нападите поврзани со скандалот со нејзиниот личен мејл. Речиси по секое прашање, дебатата беше триумф за Клинтон.


- Разделувањето на екранот на два дела - идејата на овој тип телевизиски настани не е да ги покажат само политичките програми на кандидатите, но и да ги откријат нивните личности и темперамент.

Поделениот на два дела екран помогна да се види како реагираат овие луѓе при притисок и напади кога се нервозни или кога се чувствуваат притиснати во аголот. За разлика од Клинтон, овој режисерски пристап се покажа катастрофален за Трамп, смета „Вашингтон пост“. „Републиканецот правеше гримаси, воздивнуваше и воопшто не се однесуваше, како што треба да се однесува еден претседател“, пишува весникот.

- Модераторот Лестер Холт - тука „Вашингтон пост“ се разминува во проценката кон водителот со мислењето на публиката и други медиуми. Но, и покрај критиките дека Холт му дозволувал на Трамп да зборува непотврдени факти и од време навреме целосно исчезнувал од дебатата, според новинарот Крис Килица најдобар модератор е оној кој не се забележува. Фактот дека сите зборуваат за кандидатите, а не за водителот е доволен доказ за неговиот професионализам, смета „Вашингтон пост“.

- „Твитер“ - кратките коментари во реално време целосно го променија начинот на гледање и покривање на политички дебати.

Губитници

- Доналд Трамп - кажано накратко, тој едноставно не беше добро подготвен за оваа дебата. Трамп имаше потешкотии да одговори на прашања, кои би требало да очекувал дека ќе му бидат поставени. „Објаснувањето за неговата 5 годишна потрага за тоа да докаже дека претседателот Обама не не роден во САД, беше сеедно како да гледаме сообраќајна несреќа на бавно движење“, забележува весникот. Слична беше и ситуацијата со други теми како војната во Ирак, одбивањето да ги открие даночните пријави и др. Покрај тоа, тој пропушти да ги искористи слабостите на противникот и сосема површно го спомена скандалот со нејзините мејлови. Наместо тоа, неговата стратегија беше главно да ја прекинува Клинтон и да извикува „Тоа не е вистина“, а во исто време не располагаше со факти, со кои ќе ги поддржи своите тврдења. Лоша вечер за републиканскиот штаб.


- Сајтот на Доналд Трамп - како огромен гаф се зема во предвид фактот дека додека за време на дебатата Трамп правеше реклама за својот сајт, во исто време тој падна поради големиот интерес на корисниците.

- Декорот студиото - во теорија звучи добро да се украсува позадината на телевизиското студио со цитати од американскиот устав, но во пракса оваа идеја премногу ги оттргнува гледачите.

- Публиката во студиото - да поканиш гледачи на дебатата може и да е добра идеја, но да не им дадеш збор и да им забраниш да пуштаат дури и звук, го прави безсмислен целиот потфат, смета „Вашингтон пост“.

- Хакери - во текот на дебатата Трамп се обиде да ги отфрли обвинувањата дека Руси стојат зад хакерскиот напад над Демократската партија. Наместо тоа, кандидатот на републиканците претпостави дека тоа може да е дело на хакер од 180 килограмуи, кој „работи“ дома од кревет.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев