21 Мај, 2018
0.3242
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ: Уште една земја ќе го воведе еврото

Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2017

Уште една земја се подготвува за воведување на еврото. 

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека се залага за воведување на еврото по што би можело да следува официјално барање за влез на Хрватска во Европскиот механизам на девизниот курс (ERM II).

Хрватската народна банка подготви стратегија за воведување на еврото, која содржи анализа на придобивките и можните ризици од пристапувањето во еврозоната.

Стратегијата ќе биде објавена на крајот на месец октомври, пишува „Вечерни лист“.

Последен пат одлука за влез на некоја земја во Европскиот механизам на девизниот курс е донесена во 2005 година, и тоа за Словачка. Овој механизам е предворје низ кое кандидатот мора да помине пред да добие зелено светло за влез во еврозоната.

Секоја земја што ќе стане членка на Европската Унија законски мора да го воведе еврото како официјална валута, но не постои рок во кој мора да го направи тоа. Исто така, преземањето на заедничката европска валута не е еднострана одлука.

Доколку Хрватска побара влез во Европскиот механизам на девизниот курс, односно ја убеди Европската комисија дека го контролира јавниот долг и дека ќе го спушти кон границата од 60% во разумен рок, се смета дека еврото би можело да стане официјална валута во оваа земја најрано во 2022 или 2023 година.

За соседна Бугарија иако имаше предвидувања дека до 2013 година ќе го воведе еврото, сепак тоа досега не се случи. 

Можеби ќе ве интересира

Бутарис нападнат и заради Македонија?

Бутарис нападнат и заради Македонија?

НЕКОЛКУ ДЕСТИНАЦИИ: Каде е најскапо, а каде најевтино за летување?

НЕКОЛКУ ДЕСТИНАЦИИ: Каде е најскапо, а каде најевтино за летување?

Зошто косовски град е во карантин?

Зошто косовски град е во карантин?

Каква порака испрати Ердоган до граѓаните на БиХ?

Каква порака испрати Ердоган до граѓаните на БиХ?

Грчките медиуми пишуваат за други опции за името

Грчките медиуми пишуваат за други опции за името

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Граѓаните ноќта ја поминаа на отворено

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Граѓаните ноќта ја поминаа на отворено

Бутарис раскажа за тепањето: Она што го доживеав беше кошмар

Бутарис раскажа за тепањето: Она што го доживеав беше кошмар

Бутарис заврши во болница откако го тепаа националистички екстремисти

Бутарис заврши во болница откако го тепаа националистички екстремисти

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?