29 Март, 2024
0.0264

Кои се следните чекори по ратификацијата во грчкиот парламент?Уште еднаш ќе се гласа во македонското Собрание

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Следниот чекор по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент е е НАТО да подготви Протокол на Вашингтонскиот договор за пристапување на новата членка, односно амандман на оригиналниот договор за Северноатлантски сојуз, склучен во 1949 година. 

Според најавите, овој Протокол во НАТО ќе се објави во Брисел веројатно на амбасадорско ниво, а не на ниво на министри, со дозвола од националните влади на земјите-членки со цел да се добие во време. На потпишувањето се очекува да биде македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. 

Потоа процесот на ратификација на пристапниот Протокол треба да помине посебно во сите 29 членки на НАТО, со тоа што се очекува  Грција, како што се обврза, прва да го стори тоа.

Откако Грција ќе го ратификува пристапниот Протокол со гласање во Парламентот, Договорот од Преспа стапува во сила. 

Додека трае ратификацијата во парламентите на 29-те членки, Македонија ќе учествува во процесите во Алијансата, ќе добие столче, но без право на глас.

По ова следува поканата за пристапување која на Македонија ќе и ја упати генералниот секретар на НАТО, откако сите членки ќе ги известат САД, како депонент на договорот, дека го ратификувале пристапниот протокол. 

Последниот дел од пристапувањето е Македонија и самата формално да го прифати пристапувањето во НАТО, со референдум или со гласање во Парламентот, а оваа одлука ќе му ја испрати на американскиот Стејт департмент, каде што се чува Вашингтонскиот договор со што и формално станува членка на НАТО.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење