14 Февруари, 2025
0.0289

Кои се трите најголеми домашни државни кредитори? Во државни обврзници и записи чуваат 1,21 милијарди евра!

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Трите најголеми деловни банки се значајна поддршка на македонската држава. Најновите податоци од нивните финансиски извештаи покажуваат дека тие во државни обврзници и записи на крај на 2014 година чуваат 1,21 милијарди евра. А тоа е 284,6 милиони евра или 31 отсто повеќе од крајот на 2023 година

Трите најголеми деловни банки во Македонија во текот на 2024 година во хартии од вредност (државни записи и обврзници н.з.) вложиле повеќе од 284 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од неревидираните финансиски извештаи на Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка.

Вкупните вложувања на трите најголеми македонски банки во државни обврзници изнесуваат 1,21 милијарди евра на крајот од 2024 година, покажуваат податоците од нивните биланси на состојба.

Податоците дефинираат дека станува збор за тренд во кој најголемите банки државните обврзници и записи ги перцепираат како атрактивни инструменти за вложување на средствата со кои располагаат, но и средствата кои им се доверени на чување.

Речиси половина од вкупните вложувања кои трите банки ги имаат во хартии од вредност се на Комерцијална банка, која е најголемата македонска банка според активата. Во хартии од вредност Комерцијална банка на крај на 2024 година чува 608 милиони евра. Интересно е тоа што Комерцијална банка ги зголемила за 25 отсто вложувањата во државни обврзници во период од една година. Тоа е силен тренд на раст кој покажува три работи. Прво, дека аналитичарите и менаџментот на банката имаат силна доверба во државата и нејзината способност да ги враќа обврските во иднина. Второ дека Комерцијална банка располага со висока ликвидност и трето што каматата на обврзниците е привлечна за банките односно тие хартии од вредност се конкурентен продукт за вложување. Секако тука мора да се нагласи дека обврската за враќање на обврзниците и каматите е на граѓаните односно поточно на даночните обврзници. 

Истата анализа се однесува и на деловното однесување и на другите две големи банки со тоа што кај нив процентуално гледано трендовите на раст на вложувања во државни обврзници се уште посилно изразени.

НЛБ Банка Скопје во хартии од вредност на крајот на 2024 година чува 335,8 милиони евра. Тоа е за 78,1 милиони евра повеќе во споредба со крајот на 2023 година. Односно вложувањата во обврзници пораснале 30 отсто за една година. Значи процентуално споредувано НЛБ Банка во хартии од вредност лани вложила повеќе од конкурентната Комерцијална банка.

Стопанска банка Скопје лани во државни обврзници и записи чува 269,7 милиони евра. Тоа е 84,2 милиони евра повеќе од вложувањата во овие инвестициски инструменти на крајот од 2023 година. Или изразено во проценти дури 45 отсто повеќе од претходната година.

Сите горенаведени податоци покажуваат дека вложувањата во државни обврзници и записи (затоа тие финансиски инструменти се доминантни во портфолијата на хартии од вредност во кои вложуваат банките) се високо на листата на најголемите три домашни деловни банки. На ниво на трите најголеми банки вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 30,8 отсто.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки