11 Јули, 2020
0.0570

Кои се тројцата „манги“ од источна Македонија со приход од 200 милиони евра

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Трите рударски компании во Источна Македонија лани направиле приходи од речиси 200 милиони евра и профит од 63,4 милиони евра!!! Зошто источна Македонија е грев последна дупка по инфраструктура, животен стандард  и економски раст, а прва по без перспективност и иселување? Веројатно значајна улога има и тоа што ниту евро од експлоатацијата на рудните народни ресурси преточена во профитите не останува во земјава и во местата од каде се експлоатира рудата ...

Источна Македонија била помалку развиен регион во земјава. Флоскула што се користи и  употребува често во зависност од контекстот, потребите и политичката позиција на тој што ја користи. Често се истакнува, а многупати и се злоупотребува. Не е Источна Македонија сиромашна затоа што таму нема приходи, ресурси, вредни луѓе или бизнис потенцијали. Поверојатно е сиромашна зашто цената со која се подмирува социјалната правда и мир е многу ниска.

Дали верувате дека во три мали градови во Источна Македонија има три фирми кои лани заедно имаат приходи во износ од 196,5 милиони евра? И не се гринфилд странски инвестиции. Кои се? Тоа се три рударски компании: „Саса“ од Македонска Каменица, „Бул Мак 2016“ од Пробишти (двете стопанисуваат рудници за олово и цинк) и „Бучим ДОО“ од Радовиш кој стопанисува рудник за бакар и злато.

„Саса“ е една од најпрофитабилните македонски компании. Официјалните податоци за оваа рударска компанија со седиште во Македонска Каменица покажуваат дека лани направила приход од 113,9 милиони евра. Профитот на „Саса“ лани бил 41 милиони евра. Оваа компанија е во сопственост на скопска фирма со назив ЦМК Европа, а „Саса“ ја води руски државјанин. Само за потсетување пред повеќе од 15 години „Саса“ беше продадена за без пари како државен загубар, изгубен случај и економска пропаст. Слична приказна како и „Фени“.

„Бучим“ е вториот рударски гигант во источна Македонија. Радовишката компанија лани продуцирала приходи од 58,7 милиони евра. Тоа е „мисловна именка“ за другите фирми од струмичко-радовишкиот регион. Расходите на „Бучим“ лани биле 39,2 милиони евра, а нето добивката изнесува 17,4 милиони евра. Оваа фирма е сопственост на странска компанија со назив „Солвеј Индустрис“. И „Бучим“ има слична животна приказна како и „Саса“. Државна фирма која пропадна во матната македонска транзиција која изнедри милионери. И „Бучим“ беше продаден за мали пари преку трансакции со неговите акции на нашата берза. Разликата е што „Саса“ ја продаваше стечаен управник. Заедничко им е што и двете државни фирми се продаваа речиси за без пари.

„Бул Мак 2016“ е компанијата што лани од рудниците „Злетово“ и „Тораница“ оствари приходи од 23,9 милиони евра и профит од 6,4 милиони евра. Оваа компанија е со седиште во Пробиштип кој заедно со Каменица е најрударскиот град во Македонија. Постарите го памтат како рударски бастион кој заедно со Велење од Словенија имале највисок БДП во поранешна Југославија. Биле пилот проекти на реален комунизам – комуни во кои се што е од јавен интерес било бесплатно. Сега рудниците ги поседува бугарскиот реномиран гигант од областа на рударството – „Мин Строј“. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОСИЕ ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ: Лани го разрешија, а денес доби 30 дена притвор

ДОСИЕ ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ: Лани го разрешија, а денес доби 30 дена притвор

АХМЕТИ МУ ВРАТИ НА ЗАЕВ: Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули

АХМЕТИ МУ ВРАТИ НА ЗАЕВ: Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реториката на лидерите се вжештува, а денес имаме нови 205 заразени од корона

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реториката на лидерите се вжештува, а денес имаме нови 205 заразени од корона

Притвор за Владимир Панчевски

Притвор за Владимир Панчевски

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: Го поддржуваме објективното новинарство и ЗНМ

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: Го поддржуваме објективното новинарство и ЗНМ

Која скопска општина има најмногу, а која најмалку заразени од коронавирус?

Која скопска општина има најмногу, а која најмалку заразени од коронавирус?

ЗАЕВ ОБЈАСНИ ЗОШТО ДУИ НЕ ВРЕДЕЛЕ ПЕТ ПАРИ: Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, ќе имаат и помалку

ЗАЕВ ОБЈАСНИ ЗОШТО ДУИ НЕ ВРЕДЕЛЕ ПЕТ ПАРИ: Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, ќе имаат и помалку

ШЕСТИ СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Kaj нас излекуван пациент кај кого коронавирусот довел до воспаление на мозокот

ШЕСТИ СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Kaj нас излекуван пациент кај кого коронавирусот довел до воспаление на мозокот

НАДМИНАТА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА: Денеска 205 заразени, највисока бројка од почетокот на епидемијата

НАДМИНАТА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА: Денеска 205 заразени, највисока бројка од почетокот на епидемијата