КОИ СЕ ВЛАТКО И АЛЕКСАНДРА МИЈАЛКОВИ: Прислушувани и најблиските од семејството на Мијалков
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018
Сензитивни таргети во масовното прислушување биле братот и сопругата на Сашо Мијалков.
Ова денеска го кажа сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој одговараше на прашањата од обинителот на СЈО, Артан Ајро.
Тој посочил дека два сензитивни таргета од кои едниот бил Влатко Мијалков – брат на Сашо Мијалков, а вториот Александра Мијалкова сопруга на Сашо Мијалков
Ајро го праша сведокот кој ги префрлал фајловите од формат што е неразбирлив во формат што може да се отвори на кој било компјутер, на што тој рече дека направил софтвер што ги чита Мета податоците во „X-ML” формат што содржи тагови кои определуваат битни содржини за одредена комуникација. Со таа активност бил добиен бројот на таргетот и времетраењето на комуникацијата, пренесе МИА.
Пред да му ги даде на Верушевски, како што Лазаревски, ги систематизирал податоците, односно го бришел само префиксот на македонските броеви и во табелите останувале само македонски броеви.
Целта на Лазаревски и Костовсмки била да докажат дека во МВР се вршеле нелегелни снимања на разговори и затоа снимките му ги давале на Верушевски а форматирањето го вршел Звонко Костовски на службен компјутер, а потоа Лазаревски од дома ги досредувал.
Лазаревски кажал и дека при копирањето на логовите од системот не се остава трага, бидејќи копирањето било направено дирекно од диск.
Опфатени во овој случај на СЈО се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.