Кои се земјите кои најмногу трупаат злато?
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2019
Во светот повеќе земји трупаат резерви со злато.
Централните банки минатата година купиле 651 тони злато, што во однос на 2017 година е пораст за дури 74 отсто.
Најактивни пазари за купување на злато лани биле руската и турската централна банка кои купиле 273 тони, односно 51 тон злато. Однесување на руската централна банка се поврзува со планот таа институција додатно да ја намали изложеноста спрема доларот за да се амортизираат санкциите кои САД и европските сојузници ги воведоа кон Москва.
Побарувачката на централните банки за злато пораснала лани на највисоко ниво од 1971 година.
На тој начин централните банки обезбедиле околу 34 илјади тони моментални резерви на злато, што претставува највисоко ниво на осигурување во последните 48 години, пишува Новац.хр.
„Купувањето злато ќе им помогне на банките да ги диверзифицираат своите девизи во време на политичка нестабилност и сигнализираат зголемена доверба во вредноста на златото“ – стои во анализата на Блумберг.
Цената на златото на светските пазари порасна во последните три месеци за девет отсто на 1.321 долари за унца.