Кои улици утре ќе бидат без вода за пиење
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2019
Водовод и канализација, Скопје ги известува граѓаните дека утре без вода за пиење ќе останат неколку улици во главниот град.
„ На ден 18.06.2019г. поради дефект на шибер од ф50мм на ул.Бул.Александар Македонски бб ( стрелиште Камник ), прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат корисниците на Бензиска Пумпа Лукоил, Стрелиште Камник, Микеи и Ресторант Ла Тана, а дел од корисниците на Автокоманда ниска зона со намален притисок“, се вели во соопштението.
Нормализирање на водоснабдувањето се очекува по завршување на зафатот.