25 Април, 2024
0.0563

Кој банкар од дивиденда зема 87.000 евра?

Објавено во: Економија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот прв директор на најголемата македонска банка Хари Костов, од дивиденда инкасираше нето прилив од 87.000 евра за своите 15.000 акции и тоа во најдобрата година во историјата на банката во која бруто дивидендата по акција изнесува 420 денари, што е за 220 денари повеќе од 2011 година која е втора најдобра дивидендна година

Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на „Комерцијална банка“ од дивиденда на своите акции во банката за лани оствари нето приход од 87.000 евра. Ова долгогодишниот банкар го става во редот на најдобитни акционери од аспект на остварен нето приход од дивиденда на своите акции. Разликата меѓу Костов и тие акционери, домашни физички лица, е во тоа што Костов ниту од далеку не е голем акционер во банката. Тој поседува вкупно 15.000 акции или 0,66 отсто од вкупниот број на издадени акции во банката.

Костов слично како и Живко Мукаетов, претседател на управниот одбор и генерален директор на „Алкалоид“, е познат во инвеститорската јавност по тоа што купува акции во компанијата со која раководи. Костов во изминативе неколку години во повеќе наврати има купено над 10.000 акции со право на глас во банката со која раководи (податоци за тоа се достапни во базата на СЕИ НЕТ платформата за информирање акционери на Македонската берза за хартии од вредност).

„Комерцијална банка“ лани имаше исклучително добра година во своето работење. Оваа банка годинава од добивката за ланското работење подели најголема дивиденда во бруто износ од 420 денари односно нето износ за домашни физички лица по одбивка на персонален данок во износ од 357 денари за акција. Според достапни официјални податоци „Комерцијална банка“ од 2001 година до 2018 година поделила дивиденда 16 пати (исклучок се само 2014 година и 2013 година), а втора најдобра година е 2011 кога банката поделила 200 денари бруто дивиденда исто како и во 2010 година.

Од ланската добивка годинава во мај банката на своите акционери им подели дивиденда во бруто износ од 15,56 милиони евра. Најголем акционер во „Комерцијална банка“ е градежната фирма на Ванчо Чифлиганец „Адора Инженеринг“ која поседува 10,09 отсто од акциите со право на глас. Во акционерската структура на таа банка има уште 315 домашни правни лица кои поседуваат 42,7 отсто од акциите, а 4.540 домашни физички лица поседуваат 41,6 отсто од гласачките права содржани во обичните акции.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди