КОЈ БЕШЕ НУЛТИОТ ПАЦИЕНТ ВО ЕВРОПА: Една година од почетокот на пандемијата на Ковид-19
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2021
Утрото на 21
февруари 2020 година, Европа веќе ја има својата прва црвена зона - пренесува
Дојче веле.
„Овде, на 19 февруари 2020 година, го примивме Матија, „нултиот пациент“. Имаше брзо развивачко воспаление на белите дробови“, вели Андреа Филипин, медицински директор во болницата Кодоњо.
-Тој беше донесен ноќе, а следниот ден неговата состојба се влоши - имаше висока температура, кашлица, отежнато дишење и беше ставен на кислородна поддршка. Сепак, немаше подобрување и лекарите одлучија да го пренесат пациентот на одделот за интензивна нега. Тие се прашуваа како 38-годишен спортист може да падне во толку сериозна состојба. Вообичаените тестови не даваа објаснување и на крајот остана да се направи само уште еден тест.
Тоа беше тестот за корона вирусот, кој покажа дека Матија е позитивен. Оттогаш почнува пандемијата во Европа, а италијанскиот град Бергамо доживува вистинска трагедија.