16 Април, 2024
0.0251

Кој бил Гај Фокс-човекот чија маска денес е симбол на глобалните протести

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Маската на Анонимуси денес е еден од најпознатите симболи на протестите. Но, дали го знаете нејзиното изворно потекло?

На петти ноември ширум светот се одржуваат демонстрации на активисти инспирирани од движењето „Anonimus“, кое се залага за слобода на говор, а искривените црни веги и бркови на насмеано бело лице тој ден може да се видат на секој чекор.

Маската на Анонимуси денес претставува еден од најпознатите симболи на бунтот и отпор против системите, како и против неправедните режими, а приказната за Гај Фокс кој стои зад таа маска е всушност неправда која во почетокот на 16 век католиците во Велика Британија ја трпеле од страна на протестантското мнозинство, како и борбата против неа.

Имено, во тоа време било опасно да се биде католик исто колку да се биде крадец или разбојник, а семејствата кои не сакале да ја променат верата често биле прогонувани, па во домовите имале скриени засолништа во случај да наиде рација. Во таква околина растел Гај Фокс, момче од Јоркшир кој откако мајка му се премажила за католик и сам решил да премине во католицизам. Подоцна и се придружил на војската која ја служел со години, а во период од 1595 година до 1598 година учествувал во Осумдесетгодишната војна на страна на Католичка Шпанија против Холандската република каде се стекнал со повисоки чинови и научил да ракува со експлозија.

Во почетокот на 1604 година Фокс почнал да се состанува со мала група англиски католици на чело со Роберт Кејтсби. Сите тие сметале дека прогонот на католици потекнува од протестантскиот крал Џејмс и дека се ќе се реши со неговата смрт. Кејтсби почнал да смислува завера откако избледела надежта за обезбедување поголема верска толеранција под кралот Џејмс, што разочарало многу англиски католици.


Неговите соучесници во заверата биле Џон Рајт, Томас Винтур, Томас Перси, Гај Фокс, Роберт Киз, Томас Бејтс, Кристофер Рајт, Роберт Винтур, Емроуз Руквуд, сер Еверард Дигби и Френсис Трешам. Фокс, кој имал 10 години воено искуство во сузбивање на Холандската револуција, е дадна одговорност за експлозив.

Првиот состанок на завреници е одржан на 20 мај 1604. година а во една гостилница во Лондон. Еден од заверениците предложил да го убијат кралот и неговата власт така што ќе ја кренат во воздух „куќата на парламентот со барут“.

Гај Фокс и неговите соработници сокриле во подземните ходници под британскиот парламент значајна количина на барут и чекале прилика да предизвикаат експлозија кога кралот ќе го посети парламентот. Овој настан е познат како „Барутна завера“.


Меѓутоа, заверата им е откриена на властите во анонимно писмо упатено до Вилијам Паркер, 4 барон на Монтигло, на 26 октомври 1605 година. Повеќето од заверниците по ова избегале од Лондон, но имало и такви кои се обиделе да пружат отпор. Во една пресметка е убиен и Кејтсби. Осум фатени, вклучувајќи го и Фокс, се прогласени за виновни и осудени на смрт. Убиството требало да биде изведено на ужасен начин со бесење и сечење на телото на четири дела.

Приказната вели дека Фокс успеал да скокне од јажето и да си го скрши вратот така што не им дозволил на киднаперите да го убијат на толку свиреп начин. Сепак, телото му е расечено и испратено во разни делови на кралството како опомена за другите.

Денес Гај Фокс е симбол на отпорот против властите. Неговиот лик се прикажува како позната „Anonimus” маска во борба против интернет цензурата.

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа