28 Март, 2024
0.0250

Кој бизнисмен пријави бруто годишна плата од 1,12 милиони евра?

Објавено во: Економија 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Фатмир Етеми, управител на градежната фирма „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто лични примања од работа во износ од 1,12 милиони евра, податоците се достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“, чиј член на Надзорен одбор е Етеми

Фатмир Етеми, управител на градежната компанија „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто приход од материјалните надоместоци и други права од договори за работа во износ од 1,12 милиони евра, ова се официјални податоци јавно достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“ објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Етеми во мај лани беше предложен и во септември беше избран за член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“.Етеми во нашата јавност е познат како бизнисмен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). Компанијата на Етеми беше актуелна со градбата на деловната зграда во општина „Аеродром“ во близина на „Мајчин дом“ кога имаше протести од месното население против изградбата на овој објект при што критиките беа насечени кон претходната и кон актуелната локална власт.

Етеми е член на Управниот одбор на Стопанската комора на северозападна Македонија, а членува и во Советот на македонската развојна фондација за претпријатија.

Заедно со Етеми во Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, во јули лани, седна и Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора Инженеринг“  - компанија која работи во истиот бизнис во „ЗФС КОМ“ – градешништвото. Наспроти 1,12 милиони евра бруто примања на Етеми , Чифлиганец  лани остварил бруто приходи од договори за работа во износ од 24.300 евра. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат