19 Април, 2024
0.0276

КОЈ ДЕЛЕШЕ, А КОМУ И ЗОШТО МУ БОДАТ ОЧИ - хуманитарните пакети во политички преписки

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Хуманитарните пакети што деновиве се делеле во Струмица не престануваат да ја брануваат политичката јавност.

Портпаролот на СДСМ Коста Костадинов вчера ја прозва кандидатката за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Пинова, дека наместо и таа да биде хумана, само ја вжештува ситуацијата.

Покрај сите хајки, покрај сите малтретирања на младите волонтери кои помагаат во овие тешки моменти, на оние на кои им е најпотребно, ВМРО-ДПМНЕ сега преку кандидатката за пратеник од Струмица, дополнително ја подгрева и така вжештената ситуација. Иако на сите им е јасно, сепак јас сум должен да прашам уште еднаш. Зошто како кандидатка за пратеник, не се вклучи во хуманитарната акција, доколку не сака да донира, можела кандидатката на вмро-дпмне да се вклучи и да волонтира?“, напиша Костадинов.

Еве и јас апелирам, потенцира пратеникот, слободно нека се истера работата до крај, за конечно и вас да ви се докаже дека освен помош на нашите сограѓани, друго нема ништо.

„Се надевам откако ќе завршат со овој случај, институциите ќе се позанимаваат и со потеклото на имотот на кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ... До тогаш, јас ќе ја запознавам јавноста со имотите кои не се баш за потценување, а за кои не сум сигурен дека кандидатката има покритие“, вели Костадинов.

По ова Ели Пинова, кандидатка за пратеничка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук напиша дека, како што вели „портпаролот на Хибридниот режим денеска си го нарушил празничниот мир и се обидел да ја прозива дури и неосновано набедува“.

„Ако сте сакале да дадете помош на граѓаните однесете ги продуктите на Црвен крст како што направивме сите ние. За цел нормален свет ова активност е поткуп. Фатени во криминални дејствија сега со инсинуации и конструкции сакате да го насочите вниманието во друг правец. Можеби криминалот треба да го побарате во вашето партиско опкружување. Господа кај мене се е чисто“, напиша Пинова.

Но, Костадинов не остана должен. 

„Би сакал да верувам дека статусот на кандидатката за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, го нема напишано Игор медени Јанушев, но фактите кажуваат друго... Интересни податоци следуваат“, се огласи Костадинов.

Министерот за внатрешни работи, пак, Наќе Чулев, вчера во гостувањето во вестите на МРТ рече дека за овој настан, за кој беше објавено видео на соцјалните мрежи, е информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за поткуп, а учесниците во настанот ќе одговараат и за непочитувањето на Владините мерки.

Ова видео претходно на фејсбук го сподели Рашела Мизрахи, поранешна техничка министерка и кандидатка за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?