Кој доби мандат во Управниот одбор на Охридска банка?
Објавено во: Економија 19 Април, 2018
Охридска банка Сосиете Женерал и ја довери довербата на Нина Неданоска, една од директорките, која ќе биде член на Управниот одбор на банката со мандат од четири години.
„Ве известуваме дека Гувернерот на НБРМ, со Решение бр. 7174/6 од 18 април
2018 г. издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Нина Неданоска за
член на Управниот Одбор на Охридска Банка АД Скопје со мандат во траење од
4 години“ соопшти банката преку Македонска берза.
Нина Неданоска досега ја извршуваше функцијата директор за корпоративно и инвестициско банкарство во Охридска банка, а претходно беше и на чело на филијалата на банката во Скопје.