29 Март, 2024
0.0271

Кој дозволи ЕЛЕМ да изгуби 18 милиони евра за „Трансмет“ да земе 1,8 милиони евра?!!

Објавено во: Економија 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

ЕЛЕМ во 2013 година го вклучил ТЕЦ „Осломеј“ со производна цена на струјата од 151,4 евро со што за секој произведен мегават термоелектраната правела загуба поголема од 100 евра. А за да работи „Осломеј“ требало да се носи јаглен од Битола, а за тој транспорт „Трансмет“ земал 1,8 милиони евра. Ќе го вклучи ли некој алармот???

ЕЛЕМ направил загуба од 18 милиони евра затоа што го пуштил да работи ТЕЦ „Осломеј“ во 2013 година. Загубата е направена затоа што ЕЛЕМ го вклучил ТЕЦ „Осломеј“ да прави струја чија производна цена била 151,4 евра за мегаватчас, а ЕЛЕМ ја продавал по регулирана цена од околу 44 евра за мегаватчас. Тоа значи дека во периодот јануари – април ТЕЦ „Осломеј“ на мрежа предал околу 169 гигаватчасови електрична енергија чија цена на чинење е 25,5 милиони евра. За тие произведени гигаватчасови струја ЕЛЕМ наплатил околу 7,4 милиони евра. Загубата на државната компанија е 18,1 милиони евра за тие четири месеци во 2013 година.

Веројатно, единствен добитник од работењето на ТЕЦ „Осломеј“ е скопската компанија „Трансмет“ која во декември 2012 година склучила договор со ЕЛЕМ да транспортира 200.000 тони јаглен од депото на битолскиот рудник „Суводол“ до депонијата за јаглен на ТЕЦ „Осломеј“ по цена за превоз од 552 денари за тон јаглен. Целата зделка била 110,4 милиони денари односно околу 1,79 милиони евра, пари кои „Трансмет“ ги земал за четири месеци во периодот од декември 2012 година до април 2013 година, период во кој го превезувал јагленот. По тоа, откако завршува испораката во која е ангажирана „Трансмет“, од мај до крајот на годината ТЕЦ „Осломеј“ престанал да работи.

Од ЕЛЕМ официјално потврдија дека во 2013 година производната цена на ТЕЦ „Осломеј“ била 151,4 евра за произведен мегаватчас електрична енергија. Но тоа не било проблем менаџментот на ЕЛЕМ да одобри и да го вклучи „Осломеј“ да работи иако знаеле дека цената е многу повисока од берзанската цена. „Осломеј“ не можел да произведе по пониска цена затоа што нема доволно резерви на јаглен во неговите рудници. Според официјалните податоци добиени од Злaтко Пиперкоски, директор на ТЕЦ „Осломеј“ во 2012 година ТЕЦ „Осломеј“ произвел над 510 гигаватчасови струја по производна цена од 57,6 евра за мегаватчас односно 5760 евра за гигаватчас. Во следната 2013 година менаџментот одобрува работење на ТЕЦ „Осломеј“ по производна цена од 151,4 евра за мегаватчас и прави загуба од 18,1 милиони евра само како диспаритет меѓу производната цена и регулираната за продажба одобрена од Регулаторната комисија за енергетика.

Зошто ЕЛЕМ не купил струја на тендер или на берза ? Тоа е прашања што треба да ги заинтересира надлежните органи во државата макар и по член 272 од КЗК односно по „допрен глас“!!!

Од фактурите кои во склоп со договорот со „Трансмет“ ги достави ЕЛЕМ до „Фактор“ се гледа дека транспортната компанија испорачала 4 големи фактури кои во ЕЛЕМ пристигнале во периодот од 28 јануари  до 23 април 2013 година на износ од вкупно 85,7 милиони денари што се поклопува со периодот во кој работел ТЕЦ „Осломеј“ кој од јануари до април произвел повеќе од 160 гигават часови електрична енергија. Од почетокот на мај до крајот на 2013 година ТЕЦ „Осломеј“ произвел само уште 8 гигаватчасови струја и тоа во ноември.

Колку руда потрошил ТЕЦ „Осломеј“?

На прашањето на „Фактор“ за колку време производство се доволни 200.000 тони јаглен, колку што ЕЛЕМ ангажирал преку транспортот на „Трансмет“ за потребите на ТЕЦ „Осломеј“ Пиперкоски одговори дека се доволни за производство од 55 до 60 дена. Кога се знае дека ТЕЦ „Осломеј“ работел помалку од 120 дена излегува дека транспортираниот јаглен задоволил повеќе од половина од потребите. 

Од друга страна пак кога се гледа извештајот на ЕЛЕМ за 2013 година достапен на следниот линк  може да се види дека таа година од активниот рудник за јаглен на „Осломеј“ биле ископани вкупно 285.025 тони јаглен. Од истиот извештај е евидентно дека термоцентралата „Осломеј“ во таа година потрошила 353.574 тони јаглен од кои 335.643 тони во првите четири месеци. Во извештајот пишува дека состојбата на депонија за јаглен на крај на таа година  односно во декември била 46.000 тони. 

Ископаните, според извештајот, и транспортираните од „Трансмет“ заедно прават безмалку половина милион тони јаглен. Ако ТЕЦ „Осломеј“ потрошил за цела година 335.574 тони, а на депонија има 46.000 тони, каде се повеќе од 100.000 тони јаглен???

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?