20 Април, 2024
0.0130

Кој е автор и како се создаваше македонското знаме?

Објавено во: 14 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Македонското официјално знаме е прогласено за најубаво во изборот на канадскиот весник Прованс. Во финалето беа британското и македонското знаме. Знамето на Република Македонија е создадено во 1995 година, како резултат на спогодбата потпишана со Република Грција, според која Република Македонија се обврзува да не го користи симболот на шеснаесеткрако сонце („Sвездата од Кутлеш“) кој се наоѓал на дотогашното знаме. За автор на знамето се смета проф. д-р Мирослав Грчев, кој бил задолжен од Владата на Република Македонија да изработи студија за идејно графичко решение за ново државно знаме. Од 12-те доставени предлози, избран е еден, но изгласана е верзија која отстапува од неговиот предлог. Авторот на актуелното знаме професор Грчев пред неколку години во статија за Дојче Веле се присетува дека направил 12-ина стилизации на сонце, со различни интерпретации. „Кога беше завршен проектот го предадов на претседателот Глигоров пред атентатот, а чув дека Собранието, со конзенсус го прифатило новиот изглед на знамето, но кога го видов се изненадив зашто забележав дека тоа не е мојата оригинална макета“. Но Грчев не знае кој го дообликувал во конечната верзија. Тој потсетува дека паралелно со знамето се работеше и на нов државен грб, што потоа беше привремено суспендирано, објаснува архитектот и дизајнер Грчев, идеен творец на актуелното знаме – црвено со жолто сонце од кое тргнуваат осум зраци. Тој, се присетува дека во динамичните денови на дефинитивниот изглед на новиот државен симбол директно влијание имал екс-министерот за надворешни Љубомир Фрчкоски, со непосредно набљудување од шефот на државата Глигоров.