19 Април, 2024
0.0272

Кој е Бошко Обрадовиќ кој му ги поматува сметките на Вучиќ?

Објавено во: Балкан 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Толпа од демонстранти вчера во Белград упадна во просториите на државната телевизија РТС предводена од Бошко Обрадовиќ. 

Тој е српскиот пратеник на клерикално конзервативната партија Двери. При упадот во зградата Обрадовиќ не се воздржуваше ни од физичка пресметка со вработените, со цел во програмата да може да им се обрати на граѓаните.

Обрадовиќ пред две години стана ѕвезда чиј спомнат говор масовно се споделуваше по социјалните мрежи. 

Тој потекнува од Враниќ, село покрај Чачак, се школувал во Белград каде на Филозофскиот факултет студирал србистика. Во 1999 година со двајца колеги го стратува списанието Двери српске, кое со време ќе стане еден од водечките магазини за национална култура.

Во 2003 година основано е и здружението Српски сабор Двери, една од најактивните и најгласни организации во Србија чии главни насоки се национализмот, евроскептицизмот и антиглобализмот.

Една година претходно Обрадовиќ дипломирал на темата „Милош Црњански и новиот национализам“, за потоа да работи во издаваштво, да објави неколку книги и стотици текстови на темата на српскиот национализам. Двери се спротивставија на независноста на Косово, и го негираа геноцидот во Сребреница. 

На вонредните избори во мај 2016 година Двери, сега веќе политичка партија, освоија седум мандати и Обрадовиќ стана пратеник.

Во текот на октомври 2017 кога го објаснуваше предлогот на Двери на дневен ред да се стави резолуција за Косово во рацете држеше поголем камен за кој кажа дека е од Косово и ги рецитираше стиховите на песната „Татковина“ на Ѓура Јакшиќ.

Истиот месец во српското собрание го „повлече“ за вратоврската пратеникот на Српската напредна партија Марко Атлагиќ ,за што доби опомена, а подоцна тврдеше дека станува збор за меѓусебна шега.

Двери лани остро се противеше на воведувањето на законот за рамноправност на половите.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест