23 Април, 2024
0.0264

Кој е црепот што прави профит 30 отсто од приходите?

Објавено во: Економија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Исплата на дивиденди за 2017 и за 2016 година во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, добивка за 2018 година која е 30 отсто од приходите од продажба. Ова е дел од крвната слика на успешната австриска аквизиција “Тондах“, по ново „Виенербергер“, а поранешен винички „Пролетер“ најдобрата македонска ќерамида

Виничката индустрија за производство на керамиди “Тондах“, дел од позната европска групација за производство на кровни градежни материјали, лани оствари профит од 2,81 милиони евра и ја зголеми својата добивка за 60.000 евра во споредба со претходната година, покажуваат финансиските извештаи на независната ревизија објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Компанијата од Виница лани имала приходи од продажба во износ од 9,62 милиони евра и тоа е за 870.000 евра поголем приход од продажба во споредба со претходната година. Нето добивката на оваа компанија е речиси 30 отсто од нејзините приходи од продажба што е финансиски резултат што го посакува секој менаџер на компанија.

Од достапните финансиски податоци се гледа дека оваа компанија е во одлична финансиска кондиција. Кај тековните средства е евидентни две ставки. Првата е дека депозитите во банки на крајот на 2018 година изнесуваат 2 милиони евра, а на паралелно со тоа компанијата на крај на декември лани има во ефектива (пари и парични еквиваленти) има 3,5 милиони евра и тоа е за речиси еден милион евра повеќе од истиот период во 2017 година.

Компанијата има и акумулирана добивка во износ од 2,81 милиони евра. Од паричниот тек се гледа дека лани „Тондах“, кој сега е преименуван во „Винербергер“ лани исплатил дивиденда од 2,75 милиони евра, а во претходната година исплатил 2,64 милиони евра.

Од достапните податоци во билансот на состојба се гледа дека компанијата нема обврски по кредити, а дека обврските кон добавувачи и останатите тековни обврски биле на ниво од 820.000 евра.

Виничката компанија за производство на керамиди „Пролетер“ пред петнаесетина години беше превземена од австриски „Тондах“ и во тоа време тоа беше една од ретко успешните пост-приватизации во кои вработените акционери земаа солидни износи за своите акции.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите