КОЈ Е ЕНВЕР БЕЏЕТИ, СУДИЈАТА ШТО ЗАВРШИ НА ЦРНА ЛИСТА НА САД? Еве што направи за да биде на листата
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024
Судијата Енвер Беџети кој заедно со Артан Груби заврши на црната листа на САД, го привлече вниманието во јавноста кога Судскиот совет отиде во контрола во судот каде што тој работеше и утврди дека тој 9 месеци го чувал предметот „Таргет-Тврдина“ во кој првообвинет беше Сашо Мијалков, да застари.
Беџети тогаш беше осуден на парична казна, 20 проценти од платата во времетраење од 6 месеци.
Судскиот совет констатираше дека нема образложени причини зошто предметот за масовното незаконско прислушување познат како „Тврдина-Таргет“ судијата – известител Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје не го ставал 9 месеци на одлучување. Со тоа се создадени услови овој предмет од многу висок јавен интерес да застари и да се затвори.