14 Декември, 2024
0.0286

Кој е господар на малопродажбата во Македонија?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„КАМ“ доминира и лани со приход од 130,6 милиони евра и втора година по ред е најголем ланец маркети. „Тинекс“ држи на второ место, „Веро“ прави најголем профит, а во острата конкуренција на „Жито Маркети“ и „Стокомак“ „Кит Го“ има најголем раст на продажбите. Така стојат работите во индустријата што вработува околу 5.800 лица, а има просечна стапка на профит што е 3 отсто од приходите

„Седумтемина величествени“ најголемите ланци малопродажни маркети за стоки од широка потрошувачка лани заедно оствариле приход што надмина половина милијарда евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на „КАМ“, „Кит Го“, „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Стокомак“ и „Жито Маркети“.

Овие гиганти, кои вработуваат околу 5.800 лица лани работеле со просечна профитна маргина од 3 отсто. Во споредба со 2017 година приходите од продажба на овие гиганти пораснале за 40 милиони евра. А бројот на вработени растел кај сите маркети и тие заедно лани имаат 500 вработени повеќе во споредба со 2017 година. Карактеристично е тоа што кај сите „харддисконти“ (КАМ, Тинекс, Кит Го, Стокомак) паѓа профитот освен кај „Жито Маркети“ кој усеал да ја зголеми добивката во однос на 2017 година. Убедливо најуспешен во седморката е „Веро“ со профит од 9,2 милиони евра.

„КАМ“ е неприкосновено најголем учесник на пазарот. Приходите од продажба на овој ланец маркети лани надминале 130 милиони евра и тоа е најдобар резултат во историјата на постоење на овој трговски ланец. Неговите приходи пораснале за 13,4 отсто, а добивката за лани изнесува 3,4 милиони евра и таа е за 10 отсто пониска од 2017 година. Нето добивката е 2,6 отсто од целиот приход. „КАМ“ вработува 849 лица.

„Тинекс“ втора година по ред е втор, со тенденција на мал пад на приходите од продажба. Овој ланец, кој вработува најмногу вработени вкупно 1.350 лица, лани имал приходи од продажба во износ од 93,9 милиони евра. Неговата добивка е 3,2 милиони евра и таа изнесува 3,4 отсто од вкупните приходи.

Трет според вкупните приходи е „Веро“ со реализација од 81,5 милиони евра и раст на приходите од 4,3 отсто (тука се изразени и приходите од молот н.з.). Оваа компанија е убедливо најуспешна во својата конкуренција. Добивката за лани е 9,2 милиони евра и нема промена во споредба со претходната година.

„Рамстор“ е четврторангиран со приходи од 60,9 милиони евра во кои се вклучени и приходите од молот заедно со маркетите. Добивката што ја остравил лани е 12 отсто повисока од 2017 година и изнесува 2,06 милиони евра. „Рамстор“ вработува повеќе од 700 лица.

Остра конкуренција меѓу „Стокомак“, „Кит Го“ и „Жито Маркети“

Најсилна е конкуренцијата меѓу најмладиот од скопските ланци маркети и ланците кои потекнуваат од Штип (Кит Го) и од Велес (Жито Маркети). Меѓу нив најсилен раст на продажбата лани имал штипски „Кит Го“. Неговиот приход е 54,2 милиони евра и е поголем од двата најголеми конкуренти. Неговата добивка е 1,65 милиони евра и таа бележи пад од 18 отсто во однос на 2017 година. „Кит Го“ е голем работодавач на истокот на земјава и ангажира 750 лица. Неговиот конкурент „Стокомак“ лани ја зголемил продажбата за 12,5 отсто и таа достигнала 51,8 милиони евра. Добивката на „Стокомак“ лани е 1,7 милиони евра и таа бележи пад од 13 отсто во однос на 2017 година. Велешки „Жито Маркети“ лани успеал да надмине приходи од 50 милиони евра. Тие се поголеми за 7 отсто во однос на 2017 година. Оваа компанија лани има добивка од 1,9 милиони евра и по тоа е најдобра во својата конкуренција иако има најмал раст на приходите. „Кит Го“ во оваа конкуренција има убедливо најголем раст на приходите и тоа за 8,1 милиони евра, пред „Стокомак“ со 5,7 милиони евра и „Жито Маркети“ со 3,3 милиони евра.

Кој ланец колку вреди?

Р. Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод

ФАЛАТ ПАРИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД: Се бара начин за полнење на дупките

ФАЛАТ ПАРИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД: Се бара начин за полнење на дупките