19 Април, 2024
0.0272

Кој е кој во домашниот бизнис сектор: На кои компании им треба цела година да ги наплатат долговите

Објавено во: Економија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Компаниите си ги наплатуваат долговите за 120 дена во просек, ама не и малите и микро компании. На точно 34.662 компании колку што во Македонија се во категоријата микро фирми моментно им требаат точно 365 дена за да ги наплатат побарувањата. Значи точно една година. Ова влијае на нивната ликвидност, но и на опастанокот. Тешката состојба доведува до затворање. Ако во 2016 година имало 34.967 микро фирми, во 2017 година нивниот број се намалил за околу 300. Практично тие се најбројни фирми во земјава, ама се најранливи. Познавачите од поодамна тврдат дека проблемот со наплатата на побарувањата и слабата ликвидност на компаниите е клучен проблем на стопанството. Фирмите кои треба да се мотор на растот практично се заглавени. За да вратат стари долгови позајмуваат нови пари – се задолжуваат со нови кредити. Податоците од Народната банка кои ги анализиравме покажуваат дека задолженоста на микро фирмите е за 20 процентни поени повисока од таа на големите фирми.

Анализа на показаталите за работењето на фирмите покажува дека во 2017 година, микро фирмите ги наплатуваат побарувањата за 365 дена,  а им требаат дури 666 дена да ги платат краткорочните обврски. Она што е добро е што во 2016 година овие показатели биле полоши. Имено во таа година на микро компаниите им требале 390 дена за наплата на побарувањата, а дури 680 за враќање на краткорочните обврски.

По овие показатели има разлика ако се анализираат фирмите по големина. Компаниите кои спаѓаат во групата мали фирми ги наплатуваат побарувањата за 121 ден. Во оваа категорија лани имало 17.609 компании. Моментно средни правни лица се 673 а нив им треба 101 ден за да ги наплатат побарувањата. Во групата големи фирми влегуваат 468 фирми. Деновиете потребни за наплата на побарувања кај овие компании изнесува 91 ден.

Разлики има во скоро сите параметри – профиталбилноста, задолженоста, вкупните средства.

Во 2017 гдоина во корпоративниот сектор егзистираат 53.538 субјекти или оние кои доставиле годишни сметки за претходната година.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“