26 Април, 2024
0.1790

Кој е најскапиот хотелски кревет во Македонија?

Објавено во: Економија 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Хотелите на „Македонијатурист“ лани работеле со искористеност на капацитетите од само 31 отсто!!! Ова значи дека хотелската компанија која има капацитет годишно да реализира околу 240.000 ноќевања лани реализирала 77.655 ноќевања. И на тоа работење остварила оперативна добивка од 86,7 милиони денари, но не знаеме колку во добивката учествуваат ноќевањата, а колку угостителските услуги. Има ли поскап кревет од празниот кревет? Дали ова прашање некој од акционерите во „Македонијатурист“ ќе го постапи на менаџментот на компанијата? Особено менаџерите на друштвата кои управуваат со пензиските фондови кои вложија значајни средства во акции на „Македонијатурист“

Македонскиот хотелиерски гигант „Македонијатурист“ лани остварил добивка од 109 милиони денари,а 65 отсто од тие пари се профит од дејноста. Искористеноста на капацитетите за ноќевање лани на ниво на сите 5 хотели на „Македонијатурист“ била 31,5 отсто што значи дека компанијата работи со третина од расположливиот капацитет во текот на 2017 година. „Македонијатурист“ има вкупно седум хотели во својот состав од кои ет хотели се во функција, а два се затворени подолго време.

Каква е искористеноста на капацитетот за сместување

Официјалните податоци на „Македонијатурист“ покажуваат дека компанијата лани работела со капацитето од 31 отсто односно реализирала 77.655 ноќевања од кои огромно мнозинство се странски гости. Во споредба со 2016 година бројот на ноќевања пораснал за речиси 15.000. „Македонијатурист“ може годишно да реализира повеќе од 233.000 ноќевања. Макар и теоретски. Најголемата хотелиерска компанија не може да стигне ниту до третина искористен од расположливниот капацитет. Ќе видиме на претстојното акционерско собрание дали некој од претставниците на пензиските фондови ќе го постави прашањето за искористеност на капацитетите за сместување.

Како лани работела „Македонијатурист“?

Податоците за работењето од билансите на успех и на состојба покажуваат дека речиси и да немало разлика во работата на компанијата во 2016 година и лани освен падот на оперативната добивка. Приходите од продажба лани изнесуваат 307,8 милиони денари што е речиси 5 милиони евра за цела година работа. Во споредба со 2016 година овој приход е понизок за само 10.000 евра. Оперативните расходи лани изнесуваат 237,34 милиони денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 2,6 милиони денари. Кај сите расходни ставки нема значајни промени во однос на 2016 година. Разликата во нивоата на оперативна добивка за 2016 година и за лани е всушност во најголема мерка разлика во износите на останати оперативни приходи кои во 2016 година беа над 10 милиони денари (заради продажбата на ресторанот „Македонија“ објект на автопатот Скопје – Велес), а лани биле 4 милиони денари. Заради зголемени расходи кај неколку ставки меѓу кои се: останатите финансиски расходи, обезвреднувањето на нетековни средства и останатите расходи од работење компанијата лани имала добивка од редовното работење во износ од 119,7 милиони денари што е за 11 милиони денари помалку од 2016 година. Нето добивката за лани е 109,95 милиони денари

Ова значи дека зголемениот број на ноќевања од речиси 15.000 повеќе во однос на 2016 година скоро и да не направил некоја промена во финансиското работењето.

Најголеми акционери во „Македонијатурист“ се: Доне Таневски долгогодишен претседател на управниот одбор кој поседува 19,18 отсто од акциите, Соња Бибановска , долгогодишна членка на раководството која поседува 11,27 отсто од акциите и Глигор Копров кој поседува 4,58 отсто. Задолжителниот отворен пензиски фонд на НЛБ поседува 8,67 отсто од акциите во компанијата. „Македонијатурист“ е единствена и по тоа што во депозити и во финансиски вложувања чува околу 20 милиони евра. Оваа компанија неколку години наназад дели нето дивиденда која е малку повисока или пониска од 200 денари за акција, а исто ќе биде и годинава од добивката за 2017 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија