18 Април, 2024
0.0382

Кој е наследникот на Миле Зечевиќ

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ.. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Владејачката партија СДСМ на состанокот на поширокото партиско раководство што се одржа вчера во Охрид го избра новиот Извршен одбор на партијата, именуван е нов организациски секретар на партијата, како и новиот секретар за меѓународна соработка и директор на Центарот за истражување и аналитики на СДСМ.

Душко Весковски нов организациски секретар на партијата

Весковски станува познат на јавноста како прв човек на општинската организација на СДСМ во Карпош. Неговото име на последните локални избори во Македонија се споменуваше како можен кандидат за градоначалник во општина Карпош. За Весковски сопартијците коментираат дека е млад, амбициозен, (не)познат за пошироката јавност, но доволно познат за скопјани и според многумина веројатно личноста кој би требало да ги убеди Скопје и скопјани дека Република Северна Македонија е на вистинскиот колосек и покрај сериозните предизвици. 


Весковски идеолог во рушењето на карпошовиот бастион на Јакимовски

Весковски, според многумина е човекот којкакопрв човек општинската организација во Карпош успеа да му нанесе тежок пораз на ВМРО ДПМНЕ, прво на предвремените парламентарни избори во 2016-та година, а подоцна и на локалните избори. Неговото име се споменуваше како кандидат за градоначалник на општина Карпош, но социјалдемократите во последен момент се одлучија на локалните избори да истрчаат со Стефан Богоев. Сепак, за карпошани Весковски е практично идеологот на рушењето најнапред на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и на карпошовиот бастион на Стевче Јакимовски. Секојдневните партиски активности кои ги предводеше Весковски, прес конференции на кои се обелоденуваше спрегата релација урбана мафија - Јакимовски, го промовираа Весковски како млад, но сериозен политички противник и нерешлива енигма за ВМРО ДПМНЕ, но и за лидерот на ГРОМ, Јакимовски.

Весковски го прифати предизвикот по лошите изборни резултати на претседателски избори

Иако, СДСМ, ДУИ и другите коалициони партнери на последните претседателски избори победија со Стево Пендаровски, сепак социјалдемократите незадоволни од резултатите, особено раководството предводено од лидерот Зоран Заев се реши за чистка прво во партијата, (разрешување на сите претседатели на општинските организации, на Извршниот одбор, потпретседателите и другите високи функционери) а според најавите следува и реконструкција на Владата. Душко Весковски, од директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, го прифаќа предизивкот организациски секретар, кој заедно со новиот генерален секретар Љупчо Николовски треба да ја консолидираат партијата и како што најави вчера од Охрид, Николовски да го воспостават новиот систем на фунцкионирање. Двоецот Николовски - Весковскси пред себе имаат кратко време да ја освежат партијата, особено што редовните парламентарни избори се идната година, а според многумина се поизвесно е дека можно е во првиот квартал од идната 2020 година да има предвремени парламентарни избори. Социјалдемократите вчера од Охрид им дадоа одврзани раце во носењето на одлуки кои ќе им помогнат на партијата на следните избори да ги поразат остатоците од режимот на Никола Груевски. 


Тврдеше дека во „Водовод и канализација - Скопје“ наследил хаотична состојба од претходниците од ВМРО ДПМНЕ

Весковски за кратко време по локалните избори во 2017, беше назначен за директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје. Во неговата прва изјава за медиумите откако седна на директорската фотеља обелодени дека Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје. Тврдеше дека адвокати и нотари остварувале финансиски бенефити од „Водовод“, а имало и апсурни вработувања, како на пример тоа што стоматолог бил вработен во лабораторија на „Водовод“..Претпријатието го наследил e во долгови, а многу државни институции во минатото не плаќале сметки за вода...Сепак, неодамна дел од медиумите пишуваа дека,јавното претпријатие под капата на град Скопје во изминатава 2018 година потрошило 555.000 евра за адвокатски услуги. Порталот „А1он“ објави дека според истражувањето, еден од 17-те ангажирани адвокати бил организацискиот секретар на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, кој инкасирал 77.000 евра.

Биографија

Душко Весковски е роден на 28.01.1985 година во Скопје, Карпош, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје.Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први”, насока - правни студии..


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан