Koj e новиот претседател на Русија?
Објавено во: Свет 18 Март, 2018
Актуелниот претседател Владимир Путин има убедлива победа на руските претседателски избори, според делумните резултати што ги објави изборната комисија.
Путин освоил 73,9 отсто од гласовите, лесно победувајќи го својот најблизок конкурент.
Резултатот - кој беше масовно очекуван - е значително подобрување од неговата победа во 2012 година.
Но, некои набљудувачи на изборите предупредија за голем број случаи на полнење гласачки кутии и други неправилности.
Останатите кандидати се бизнисменот Павел Грундин како кандидат на Комунистичката партија, лидерот на Партијата на прогресот, Борис Титов, шефот на партијата Руски општонароден сојуз Сергеј Бабурин, ТВ водителката и политички активист Ксенија Собчак, и лидерот на Либералната демократска партија на Русија, Владимир Жириновски