27 Септември, 2024
0.0273

КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБЈЕКТ НА ПОПОВА ШАПКА?! Еве што може да купите преку комерцијалните банки

Објавено во: Економија 27 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје, дуќани низ повеќе градови во Македонија, но и други типови на деловни објекти, како некогашни фарми, живнарски, свињарски, или пак делови од машински работилници, поранени хотели.... Ова се само дел од бројните деловни објекти кои се нудат на продажба од страна на домашните комерцијални банки.

Деловниот имот кој го продаваат банките е објавен на нивните веб страни, и најчесто станува збор за различни типови на градби во кои некогаш се вршела дејност, но сега се трага по нови сопственици.

Еден примамлив имот нуди Халк банка, која продава деловни простории на Попова Шапка. Сместен во Пашина Ливада над Хотел Славија и хотел Бора во близина на Институтот за Екологија и Техонологија на Попова Шапка, на приближно 20 километри од центарот на Тетово. Имотот има кат, приземје и подрум, со приклучоци за комунална, водоводна, канализациона и електрична инсталација. Греењето е сопствено централно топловодно на нафта со инсталирани радијатори, а се продава преку извршител. Цената по која е огласен овој имот надминува 100 илјади евра, или поточно за него се потребни 143.432 евра со вклучен ДДВ

Стопанска банка Скопје пак продава целосно изградено објект на три ката, административна зграда со магаци и изложбен салон со вкупна површина од 1.316 метри квадратни и земјиште со паркинг кое се протега на површина од 1.185 метри квадратни. И овој имот се продава преку извршител, а се наоѓа во околината на главниот град

На листата на имоти кои ги продава Комерцијална банка е деловен објект кој некогаш служел како фабрика за производство на плочки. Зградата во која некогаш се произведувале плочи е сместена во скопско Орешани, но нема имотен лист и зафаќа површина од 1.529 метри квадратни, а за него банката побарува 27.718.330 денари.

Освен во споменатите понуди, и кај други банки од земајва може да се најдат бројни деловни објекти, некогашни производствени сали, но и недовршени објекти кои биле во план да станат деловна зграда.

На долгите листи на банките може да се најдат и продавници, често се забележува дека се продаваат дуќани од ГТЦ во Скопје, но и куќи, станови, земјиште со различна големина.

Прегледот на понудата на банките покажува дека има голем избор на објекти, но многу повеќе се деловните објекти кои се нудат на продажба. Забележливо е што дел од банките имаат куќи кои се со голема квадратува и истите се подолг период на продажба.

Банките се одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба.

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките подолг период.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ - министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

Јован Деспотовски замина во опозиција и отвора приватен бизнис

ФИРМИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА БУГАРИЈА, НЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ГРАДАТ, САКАЛЕ ДА ГО ЗЕМАТ АВАНСОТ И ДА ИСЧЕЗНАТ: Николоски открива зошто пропадна тендерот за пруга кон Бугарија

ФИРМИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА БУГАРИЈА, НЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ГРАДАТ, САКАЛЕ ДА ГО ЗЕМАТ АВАНСОТ И ДА ИСЧЕЗНАТ: Николоски открива зошто пропадна тендерот за пруга кон Бугарија

УЛТРА, МЕГА, СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕЛГРАД ДО УНГАРИЈА: Ќе се патува само 76 минути

УЛТРА, МЕГА, СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕЛГРАД ДО УНГАРИЈА: Ќе се патува само 76 минути

ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ШЕТАМЕ - БЛИЗУ 400 ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ И СУПЕРМАРКЕТИ: Во Нов Белград официјално беше отворен новиот кинески трговски центар

ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ШЕТАМЕ - БЛИЗУ 400 ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ И СУПЕРМАРКЕТИ: Во Нов Белград официјално беше отворен новиот кинески трговски центар

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“