20 Април, 2024
0.0273

КОЈ Е ПРИЈАТЕЛОТ НА ГЕОРГИЕВСКИ: Можам да донесам 100 луѓе кои ги убедуваше за заедничка историја со Бугарија, сега зборува спротивно

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Има многу луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои порано зборувале за заедничка историја со Бугарија, а сега во јавноста презентираат некои сосема други ставови. Ова го изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вчерашното гостување во емисијата 360 степени.

Во ВМРО-ДПМНЕ има многу луѓе кои порано многу храбро зборуваа за таа општа, заедничка историја со Бугарија. И сега ми е чудно кога ќе ги слушнам ставовите кои ги изнесуваат во медиумите. Еден мој пријател кој 30 години ми беше близок соработник, пред две години се разделивме и тој отиде во ВМРО-ДПМНЕ. Го слушам на интервју како вели дека Заев ќе го продаде Гоце Делчев на Бугарите. А, можам да донесам  барем 100 луѓе кои тој ги убедувал дека имаме заедничка историја со Бугарија“, вели Георгиевски.

Евентуално вето од страна на Бугарија кон Македонија би било на штета на двете земји и ќе предизвика повторно создавање на антибугарско расположение во Македонија, смета Георгиевски. 

„Сметам дека Бугарија ако стави вето ќе направи еден многу лош чекор за взаемните односи, а пред сѐ за самата себе. Затоа што повторно овде ќе нарасне антибугарското расположение, повторно ќе се даде простор за приказни дека Бугарија не ни е пријател туку непријател…“, вели Георгиевски.

Во односот со Бугарија тој веќе чувствува проблем.

„Просто не можам да се начудам. Тука веќе мислам дека се работи за некои суети на луѓето кои се во комисијата од бугарска страна, кадешто тие гледаат една фактографија, меѓутоа не гледаат која е македонската приказна која овде егзистирала 70-80 години и колку е тешко на еден историчар, на еден политичар, притоа премиер, претседател на држава, да кажат дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Мислам дека тие како да ја немаат правата информација која е нашата реторика по ова прашање, која е македонската приказна, како да не сакаат да разберат дека до пред 3 години никој во Македонија тоа не смееше да го каже. Јас во Бугарија важам како пријател, гледате и во меморандумот ме ставиле, меѓутоа јас никогаш кога сум бил премиер не сум кажал дека Гоце Делчев е заеднички јунак на Македонија и Бугарија, затоа што ќе ме растргнеле тогаш во македонската јавност. Сум кажал дека треба да го преиспитаме нашиот однос према Бугарија. Сум кажал дека Бугарите биле поголеми пријатели кон Македонија отколку што сакала да ни ја прикаже југокомунистичката историографија. Меѓутоа ваква изјава од типот дека Гоце Делчев е и македонски и бугарски херој јас немам кажано. Сметам дека и сон на бугарската политика долги години беше да добие таква изјава од македонска страна, и сега одеднаш кога ја имаат таа изјава имам чувство како да не сфаќаат што значи за еден македонски политичар да каже – чекајте, Гоце Делчев е заеднички јунак. Ако тие би прифатиле една ваква дефиниција, не сфаќаат колку ќе бидат растргнати македонските официјални политичари и историчари затоа што гледате дека и тука постојано се појавуваат разни групи, писма, петиции, дека се распродава Македонија, дека го продадовме и Гоце Делчев и сето тоа“, рече Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам