Кој е ставот на Дачиќ за Договорот меѓу Атина и Скопје?
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2018
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, затоа што нема што да се честита, пренесува Бета.
„Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат“-, изјави денеска Дачиќ.
Дачиќ, на прес-конференција со неговиот колега од Либерија, рече дека договорот меѓу Атина и Скопје е билатерално прашање и дека Србија нема потреба да се вклучува, бидејќи не е поканета.
„Секако дека сакаме да се реши и посакуваме среќа и на Атина и на Скопје, да не влегуваме во тоа кој како се вика, и тоа да придонесе за стабилноста на регионот“ – изјави Дачиќ.
Тој посочи дека сите чекаат крај на процесот околу Договорот меѓу Македонија и Атина.