24 Април, 2024
0.0275

Кој газда има месечна награда од 5.000 евра од својата фирма?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Миле Атанасов, сопственик на 90 отсто од акциите на штипската компанија „Макпромет“ на последното акционерско собрание изгласа одлука да добива 5.000 евра месечна награда од неговата фирма

Најголемиот акционер на штипски „Макпромет“, Миле Атанасов кој воедно е и претседател на Одборот на директори и негов неизвршен член ќе добива месечна награда од 5.000 евра од својата компанија. Ова е една од одлуките од последното акционерско собрание. „Макпромет“ и Атанасов се пример за транспарентност во работењето и објавувањето на своите одлуки кои се однесуваат на наградување на акционери и на менаџери на компании. За жал и по 20 години од македонската приватизација платите и наградите на главните менаџери кои често пати се и најголеми акционери се табу тема на македонската економија во сегментот на корпоративното управување. За жал досега на прсти се бројат менаџерите и акционерите кои транспарентно ги објавиваат своите плати или награди од компаниите кои ги поседуваат и управуваат.

„Макпромет“ е компанија што идната година ќе прослави 40 години постоење. Таа во својот состав има четири друштва кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Еден од најпознатите брендови на „Макпромет“ се мастиките за џвакање „Чунга лунга“.

Во состав на „Макпромет“ работат  две друштва: „Европа“ и „Илинден“ (двете се ДООЕЛ-и основани од „Макпромет“ и тие заедно со „Макпромет“ лани имаат остварено добивка по оданочување во вкупен износ од 174.000 евра според податоците од консолидираната финансиска состојба. Трите правни лица имаат вкупен приход од 6 милиони евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска