24 Април, 2024
0.0278

Кој ги врбува девојчињата - допрва ќе се размотува клопчето со „Јавна соба

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На социјалната мрежа Телеграм во затворена група со име “Јавна соба”, малолетници објавуваат, споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојки од целата земја. Ова е предупредување што произлезе од дел од професорите, а многу родители се видно вознемирени.

Според информациите кои се споделуваат на интернет, дел од фотографиите се превземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

А како што објавија два медиуми, Радио МОФ и на А1.он , вакви информации пристигнале до нивните редакции, по што тие успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата.

За случајот веќе јавно проговорија повеќе професори и наставници.

„Институциите се на потег. Ова е аларм за сите нас - најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа“, алармира професорката Тамара Ќупева.

Таа на фејсбук денеска го објави следниов пост. 

“Јавна соба“ е името на групата што деновиве се шири меѓу средношколците во Скопје и низ другите градови. Станува збор за група која е креирана на апликацијата Telegram. Комуникацијата е идентична на Вибер - комуникацијата. За неполни три дена се зачлениле повеќе од 7300 членови. Членовите на оваа група, во слободна, отворена ( вулгарна) комуникација со другите членови, споделуваат и коментираат експлицитни фотографии од девојчиња од различни градови. Тоа се најчесто оригинални порнографски слики и видеа.
Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето - жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата“, напиша меѓу другото професорката.

Таа нагласи дека ова е аларм за сите нас - најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа.

„Ова е крајно загрижувачка, сериозна опомена дека децата, воспитанието и нивното образование се најзапоставените приоритети.
Очигледно е дека во нашата лична, секојдневна и поширока, општествена агенда - тие дефинитивно се на последното место“, напиша професорката.

По предупредувањата од медиумите, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на фејсбук напиша дека Бирото за јавна безбедност веднаш почнало истрага.

„Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Петровска. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП