23 Април, 2024
0.0270

Кој ги врти големите пари во Гевгелија?

Објавено во: Економија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Двете казина на македонско-грчката граница и „Контихидропласт“ прават поголем приход од другите гевгелиски и богдански фирми заедно. Таква е структурата на економијата во најјужниот регион. Реално според бројот на жители (кој не надминува 15.000 н.з.) Гевгелија има многу повеќе фирми што вртат милиони евра од поголеми македонски градови

Гевгелија е македонскиот Лас Вегас, колку тоа да звучи предимензионирано и неспоредливо, но за наши услови двете казина и нивните угостителски и хотелски услуги даваат најзначен импулс на гевгелиската економија. Податоците за 2018 година покажуваат дека двете казина се меѓу трите најголеми гевгелиски фирми според остварените приходи.

За жал, типично за (не) претприемачкиот дух на нас Македонците, најјужниот македонски град, познат и признат по својата гостољубивост и питомост и покрај кој поминуваат стотици илјади туристи на својот транзит до и од Грција нема туристичка компанија која ќе извади макар и по десет евра од секој десетти транзитен турист.


Неприкосновен генератор за приходи и најголема гевгелиска компанија е „Принцесс хотел и казино“ лоциран на граничкиот премин со Грција, компанија која лани направи приход од 40,5 милиони евра приходи. Профитот изнесува  372.000 евра. Сопственици на ова казино и хотел се две компании. Едвата е регистрирана во даночниот рај во срцето на Европска Унија, а тоа е кнежевството Лихтенштајн каде е основана компанијата „Ирада“. Другиот сопственик е  „Принцесс Гроуп ДОО“ од Гевгелија.


Втора најголема според прометот, а најголема гевгелиска домашно поседувана компанија е индустријата за пластични профили и цевки „Конти Хидро пласт“. Фирмата на Борис Манџуков лани остварила приход од  26,9 милиони евра и добивка 1,7 милиони евра. Ова е најуспешната гевгелиска компанија според остварената добивка лани во конкуренција на големи и средни компании.


„Макотен“ сопственик на хотел и казино „Фламинго“. Лани приходот од продажба е 18 милиони евра, а годината ја заврши со  загуба од 3,1 милиони евра. Сопственик е странската компанија  „Новоматик“ АГ.

И тука се замешуваат богданчани. Транспортната компанија со седиште во соседната општина Богданци, „ШТ “ со приходи од 17,9 милиони евра и добивка од 1,1 милиони евра е четврта најголема компанија. Нејзини сопственици се Магдалена и Петар Шимови.  И тука завршува групата на „најјужни“ компании кои лани оствариле приходи повисоки од 10 милиони евра.

Следна на листата е транспортната компанија „Алов“ приход од 7,2 милиони евра и загуба 177.400 евра. Нејзината дејност е трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.


Една од најголемите гевгелиски конзервни индустрии е ДИЕМ. Лани нејзиниот приход бил 6,5 милиони евра и профитот достигнал 928.000 евра. Сопственици се Ѓори и Петар Атанасови.

Следна е „Солун 53 маркет“ приход од 6 милиони евра , профит 135.000 евра. Нејзината дејност е трговија на мало, а сопственост на Перо Шутаров преку неговата компанија „Интерглобус лебопекара“ од Богданци.

Текстилна корпорација ДООЕЛ од гевгелиското село Негорци е следна на листата со приход од 5,7 милиони евра и профит од 122.000 евра. Нејзината дејност е производство на облека.

„Ветеринар“ е следна на листата. Но да не ве излаже името! Оваа компанија нема врска со ветерина и животни. Нејзината дејност е одгледување јаболки и коскесто овошје. Лани имала приход од 5,5 милиони евра и добивка од 500.000 евра. Профитна маргина од 10 отсто и пример за усешна аграгна компанија.


Следна е богданската транспортна фирма “Шимов транспорт компани“ со приход од 5,3 милиони евра и добивка од 189.000 евра. Трговската компанија „Екстра маркет“ остварила приход од 5,2 милиони евра и добивка од 225.000 евра. И тука завршува групата на компании кои имале приходи поголеми од 5 милиони евра.

Во групата компании со приход од 2 до 5 милиони евра лани се:

„Бенттон“ конфекција (друга горна облека) приход 4,8 милиони евра, загуба 75.400 евра, во сопственост на Томе Главчев. „Русе комерц“ која се занимава со трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарии со приход од 4,4 милиони евра и профит од 331.000 евра.

„Техноалат комерц“  компанија што се занимава со преработка и конзервирање овошје и зеленчук со приход од 4,1 милиони евра и профит од 290.000 евра. Следен е Випро со приход од  4,1 милиони евра и добивка од 269.000 евра. Позната конфекција НОЕЛ лани остварила приход од 3,55 милиони евра и загуба од 132.700 евра. 


И уште една транспортна фирма „Лемекс транспорт“ со приход од 3,35 милиони евра приход и профит 406.000 евра. Сопственост на Лефтер Шутов. Во групата е и ко-сопственикот на најголемата гевгелиска компанија, а тоа е „Принцесс Гроуп ДОО“, со дејност хотели. Нејзиниот приход лани изнесувал 2,4 милиони евра, а завршила со загуба од 335.000 евра. Сопственици се „Ирада“ и „Принцесс хотел и казино“. И тука е единствената гевгелиска винерија сопственост на тројца странци. Тоа е „ГАМА Винери“ со приход од 2 милиони евра и профит од 48.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска