29 Март, 2024
0.0295

Кој го „испуши“ во „Тутунски“ Прилеп?

Објавено во: Економија 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Прилепскиот тутунски комбинат за првите шест месеци е во загуба од речиси 1,1 милиони евра. За овој период оперативните расходи на компанијата се двојно поголеми од нејзините приходи, а за камати за пола година се платени околу 340.000 евра. Има ли надеж за коматозниот пациент или некој треба да го исклучи апаратот за анимација?

Најголемиот и единствениот државно поседуван тутунски комбинат Прилепскиот тутунски комбинат во земјава никако да направи пресврт во своето работење. Официјалните податоци за првите шест месеци покажуваат дека компанијата има загуба од речиси 1,1 милиони евра, а оперативните расходи се речиси двојно поголеми од приходите што ги остварил во првото полугодие. Од овој аспект се доведува во прашање ефикасноста на мерката со која во значајна мерка беше намален персоналот во оваа државна компанија, процес што течеше минатата година.

Податоците за првата половина од годинава се загрижувачки. Приходот од продажба падна на 6 милиони евра и е за 8 отсто помал од реализацијата во првата половина на 2018 година. Менаџментот успеал да ја зголеми продажбата дома, но значајно е намален извозот односно за 25 отсто или 1,27 милиони евра помалку од лани. Залихите исто така се помали во споредба со лани за околу 800.000 евра.

Зачудувачки е што во вакви услови на работење со намалена продажба и намален број на вработени лица компанијата има раст на трошоците за суровини и други материјали. За првите шест месеци годинава тие изнесуваат речиси 10 милиони евра. Во однос на лани пораснале за 3 отсто. Речиси идентични се и трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци. Единствената заштеда е во трошокот за вработените. Тие изнесуваат 1 милиони евра и во споредба со лани се намалени за 80 отсто кога надминувале 5 милиони евра. Оперативната загуба за првото полугодие е 732.000 евра и во однос на лани е помала за 80 отсто.

Билансот на состојба покажува дека компанијата на крајот на јуни годинава има долг од 20,7 милиони евра. Долгот во споредба на истиот период лани е намален за 1,1 милиони евра. Намалувањето е во делот на краткорочните кредитни обврски кои сега се помали за 10 отсто во однос на лани. Долгорочните кредитни обврски се на исто ниво и изнесуваат 9,56 милиони евра.

Акумулираната загуба на оваа голема компанија е 148 милиони евра.

Најголем акционер во Тутунскиот комбинат е Владата која поседува 83 отсто од акциите, па државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување кој контролира 7 отсто акции. Повеќе од 2.600 домашни физички лица поседуваат 10 отсто од акциите на компбинатот.

Последен пат акцијата на оваа компанија е тргувана на почетокот на јули лани и цената е 250 денари.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат