25 Април, 2024
0.0358

Кој го урочи штипски „Бетон“?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

По неколку годишната градежна офанзива штипски „Бетон“ клапна. Во периодот јули-септември, што може и не мора да има врска со политичката промена на централната власт, оваа компанија има приход од продажба од само 1 милион евра и тоа во „висока сезона“. Тоа е само половина од просекот по квартал за првите две тромесечја годинава. Компанијата што стана општо позната по ангажманот во „Скопје 2014“ во првите 9 месеци има пад на приходите од 47 отсто 

Штипската градежна компанија која имаше големи амбиции и беше на пат да стане сериозна конкуренција (според обемот на работа и приходи) на најголемите градежници доживеа „фијаско“ во третиот квартал годинава, покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех. 
Во периодот јули-септември оваа градежна компанија има приход од продажба од само еден милион евра односно вкупно за сите девет месеци приходите од продажба изнесуваат 304,6 милиони денари, а тоа е 270 милиони денари помалку од реализацијата на оваа компанија во истиот период лани кога приходите од продажба биле околу 9,5 милиони евра. Сега се помалку од 5 милиони евра.

Каков беше последниот квартал?

Во периодот јули-септември кој за градежниците во принцип е „висока сезона“ во која има многу активности штипски „Бетон“ има приход од само 61 милиони денари. Во споредба со просечната тромесечна реализација за првите два квартали која изнесува 121,6 милиони денари се гледа дека има драстичен пад на приходите на „Бетон“. Во исто време односно во периодот јули-септември компанијата има оперативни расходи од 77,6 милиони денари. Расходите за овој квартал се преполовени во споредба со просекот за тромесечје за првите два квартали. Податоците за приходите од продажба и за оперативните расходи на „Бетон“ во третиот квартал укажуваат дека активностите на компанијата се значајно намалени во споредба со состојбата до крајот на јуни.
Злите јазици шпекулираат дека активностите на штипски „Бетон“ имаат врска со  политичката промена на централната власт во земјава, но за тоа нема по опипливи индиции и показатели. Да видиме како штипската градежна компанија која во последниве 4-5 години направи невиден продор на македонскиот градежен пазар особено во мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ ќе продолжи понатаму и дали ќе ги демантира злите јазици?

Финансиските расходи обратно пропорционални со приходот од продажба

Штипски „Бетон“ во периодот јули-септември има финансиски расходи во износ од 10 милиони денари. За првите шест месеци годинава (двојно подолг период) неговите финансиски расходи се 12 милиони денари. Факт е дека тие за 90 дена летово изнесуваат приближно до расходите за првите 180 дена. Зошто е тоа така си знаат засега само менаџментот и некои од акционерите. Факт е дека финансиските расходи на компанијаата годинава заклучно со септември пораснале за 46 отсто во однос на истиот период лани. Добра вест за акционерите е тоа што финансиските приходи на штипски „Бетон“ пораснале за 25,2 милиони денари само во периодот јули-септември. Растот е огромен во споредба со финансиските приходи до 30 јуни кои изнесуваат 1,4 милиони денари. Споредбата на овие бројки во голема мерка води на заклучок, но не и на тврдење, дека во овие три месеци финансиските приходи се од евентуална продажба на некаква актива на компанијата или од некаква наплата или дивиденда.

Крајот на септември годинава „Бетон“ од Штип го книжи со загуба од еден милион евра.

 Најголеми акционери во штипски „Бетон“ се: штипската фирма „Бим Инвест Инженеринг“ ДООЕЛ со контрола врз 23,3 отсто од гласовите, а фирмите „Орка Холдинг“, „Ексико“ и „ТИМ“ имаат по 19,5 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди