18 Април, 2024
0.0768

Кој и што прави со нафтените резерви: Ќе ги продаваат со попуст и со непосредна спогодба

Објавено во: Економија 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Над шест милиони литри еуросупер БС од 95 октани и над седум милиони литри екстра лесно масло за горење, кои се дел од државните резерви на нафта, а биле складирани во два резервоари ќе продаде до крајот на годината, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, дознава Фактор. 

Тоа ќе си го овозможи со измени на Законот за задолжителни резерви на нафта, кои веќе се објавени. Со измените и со дополнувањата на овој закон, Дирекцијата за прв пат уредува како може да продава нафтени деривати заради обновување. Претходно, кога првично ги обрзаложија измените на ЕНЕР, од Дирекцијата објавија дека измените се прават поради два резервоари на деривати за кои од 2015 година не се грижел никој. Во предлогот што сега е ставен на ЕНЕР тие ги нема, а од Дирекцијата не одговорија на нашите прашања во кои прашувавме колку години стои горивото таму и со каков квалитет е. И покрај неколкудневните обиди не кажаа ниту што точно ќе се обидат да продадат, иако Фактор има верзија од предлог измените во кои точно е наведено за колкави колични станува збор. Се отвора дилемата кој ќе биде купувач на ова гориво и  дали воопшто некој ќе прави контрола на спецификите на горивото. Од друга страна, законот предвидува продажбата заради обновување на резервите, која прв пат е уредена во овој закон да се врши со усно наддавање, но и со непосредна спогодба.

АКО НЕМА НАДДАВАЧ, КУПУВАЧОТ СЕ ДОГОВАРА ВО ЧЕТИРИ ОЧИ

Продажбата на резервите заради обновување е вметната во посебен член од законот. Претходно ако Дирекцијата продавала заради обновување нафтени резерви тоа требало да се прави по друг закон, кој сега не бил соодветен и за резервите. Се предвидува одлуката за продажба на резервите да ја донесе Владата на предлог на Управниот одбор на Дирекцијата.

„Продажбата на нафтените деривати од став 1 на овој член се врши со усно наддавање или со непосредна спогодба. Почетната цена на задолжителните резерви кои се продаваат согласно овој член, изразена во денари за литар/килограм, се утврдува врз основа на одлука за определување на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологија, донесена од стрна на Регулаторната комисија за енергетика, која е важечка на денот на продажбата, во која не се вклучени трошоците за акциза, данокот на додадена вредност, надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, стои во членот 9 од предложениот закон.

Инаку во истиот член е наведено и дека почетнаата цена при продажбата со усно наддавање може да биде намалена најмногу шест отсто, односно да се даде попуст до 6 отсто.

Во законот е уредено и како точно ќе се врши усното наддавање. Ќе биде во три круга, првиот со почетната цена, вториот намалена за три отсто, третиот со цена намалена за шест отсто. Но, ако и по две неуспешни постапки за продажба на нафтените резерви со усно наддавање не се најде купувач тогаш резервите ќе се продаваат со непосредна спогодба.

„Кога се продаваат задолжителните резерви со непосредна спогодба, согласно став 1 од овој член, со одлука на Владата се определуваат видот и количините на нафтени деривати кои се продаваат, непосредниот купувач, како и намалувањето на почетнат ацена кое не може да изнесува повеќе од девет отсто“, стои во предлог законот.

ШТО ЌЕ ЗАВРШИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР, ШТО НАДВОР?

Во недостиг на одговор од Дирекцијата, познавачите со кои разговараваме велат дека имаат дилема во однос на овие измени. Велат дека непосредната спогодба е лошо решение и дека мора да има механизам на контрола. Од друга страна, ако се зборува за количините кои точно се определени за продажба за годинава, а кои се во два резервоари, велат нашите извори, многу е дискутабилно каков е квалитетот на горивото што стои таму. Имено за овие резервоари во кои има еуросупер БС од 95 октани и екстра лесно масло за горење не се грижел никој од 2015 година наваму. Не се знае дали пред продажбата ќе се прави испитување и какво. Нашите извори коментираат дека подобро овој бензин да не заврши на домашните бензински пумпи.

„Не можеме да бидеме сигурни дека горниот и долниот слој се со ист квалитет. Мора да се внимава. Од друга страна, директни спогодби се лоши, со кој ќе се договараат, од каде, од која земја, вели нашиот извор.

Инаку, според нашите информации, станува збор за резервоари од кој едниот е сместен во Гостивар и таму се складирани 6.102.202 литри еуросупер од 95 октани и другиот во Куманово каде има 7.430.108 литри екстра лесно масло за горење.


Aлександра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб