КОЈ И ЗОШТО СЕ АПСИ: Полициска акција го тресе Скопје
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2019
На повеќе локации во Скопје во тек е полициска акција.
Дел од медиумите повикувајќи се на информации од полицијата пренесуваат дека се апси на неколку локации меѓу кои е и Грчец.
Од полицијата во интерес на истрагата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата.
Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.
Повеќе детали надлежните најавија за подоцна во текот на денот.