01 Април, 2020
0.0256

Кој ќе ги храни вработените во РЕК Битола за 470 илјади евра

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Кој ќе ги храни вработените во РЕК Битола, и какви се намерите на власта со распишаниот тендер за избор на фирма, е прашање што вчера ја разбранува јавноста.

Опозицијата тврди дека со тендерот кој се распишува во РЕК, СДСМ наводно сакала да го истисне досегашниот снбдувач ЕЛЕМ Турс, и да го замени со некоја фирма блиска до партијата, со што власта во заминување ќе си обезбедела бонбона бизнис. Од РЕК Битола, пак, децидно тврдат дека ова се класични лаги на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на тендерот кој бил распишан во декември лани се јавиле пет фирми, а изборот уште не е ни направен.

Од опозициската партија велат дека станува збор за милионски тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, работа која до сега ја вршеше ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, по цена од 3 евра по оброк. 

Доколку се земе како основна сегашната цена од 3 евра по оброк, доаѓаме до сума од високи 5.400 евра на ден, или 162.000 евра на месечно ниво, односно 1.944.000 евра на годишно ниво. Тоа се два милиони евра кои наместо во државната каса, ќе заминат на сметка на некоја фирма блиска до СДСМ“, изјави Ивица Томовски од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој тврди дека оброкот кој досега го опслужува ЕЛЕМ Турс, бил квалитетен и евтин. 

Со приватизацијата на производството на оброци се одзема еден приход од кој вработените во ЕЛЕМ Турс вадат плати и е само чекор кон затворање на ова претпријатие и оставање на 200 вработени на улица. Дали приватизацијата на делот со оброците е со цел затворање на ЕЛЕМ Турс и понатамошно раскрчмување на неговиот имот? Дали преку ЕЛЕМ Турс се спрема новиот бонбона бизнис на власта во заминување и кој треба да се офајди? Дали тоа ќе биде фирма во сопственост на актуелен советник од СДСМ во Битола?“, праша Томовски.

Експресно возвратија од РЕК Битола. Оттаму, но и од нивнта фирма мајка, ЕСМ, најостро ги демантираат, како што велат, лагите за наводен тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, искажани на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО - ДПМНЕ“, велат од РЕК Битола.

Оттаму тврдат дека јавната набавка за оброци за вработените во Подружница РЕК Битола била распишана на 27 декември 2019 година, но уште не се знае дли некој воопшто ќе ги исполни условите за да го добие тендерот.

„Предвидениот износ за оваа намена изнесува 29 милиони денари или 471.544 евра, односно средствата се четири пати пониски од износот со кој ВМРО – ДПМНЕ ја лаже јавноста. На јавната набавка се пријавија пет економски оператори. Нивните понуди во моментов се во фаза на евалуација, односно Комисијата за јавни набавки во РЕК Битола сеуште не донела одлука дали некој од пријавените оператори воопшто ги исполнува условите, за да продолжи во следната фаза од јавната набавка“, потенцираат од комбинатот. 

Сепак, ја повикаа опозициската партија, доколку го знаат името на фирмата која, како што велат, треба да биде избрана на јавната набавка, веднаш да го објават.

„Во меѓувреме, во најава не е ниту нов скандал, ниту нов криминал. Во најава единствено е кривична пријава за изнесените лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ“, тврдат од РЕК Битола.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?