20 Април, 2024
0.0257

Кој ќе ги топли скопјани: Сезоната ќе почне, градот чека легализација на мрежата

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Иако основаше ново претпријатие Градски енергетски системи, градот Скопје до  почетокот на грејната сезона најверојатно нема да ја преземе мрежата за парно греење. Градоначалникот Петре Шилегов објасни дека процесот засега не е завршен оти мрежата е дивоградба. Кога ќе заврши легализацијата, тогаш ќе биде и превземањето. Не се претпоставува кога ќе се случи тоа, но може да биде и во време на сезона. По легализацијата, како што вели Шилегов, ќе бараат Владата да им ја пренесе сопственоста на мрежата за да може од Регулаторната комисија за енергетика да бараат лиценца за работа.

„По легализацијата и запишување на сопственоста, ќе побараме од Владата, мрежата да ни ја даде на користење, со што ќе се стекнеме со услови да можеме да влеземе во постапка за издавање на лиценца за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија“, вели Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.

Градот има интерес само да управува со мрежата, но не и со производството, што значи дека може лиценцата да ја добие и по започнувањето на грејната сезона. Само 23 отсто од површината на Скопје е покриена со систем за парно греење, на кој се приклучени 17 отсто од домаќинствата.

Во јуни годинава кога новото претпријатие доби статут, Шилегов рече дека не сака да навлегува во ничие туѓо право на лиценците. 

„Тоа што инсистирам е топлификациската мрежа која и е дадена на користење на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), да се врати таму каде што е сопственоста, а тоа на Град Скопје. Ги подготвуваме перформансите во текот на наредниот месец да ги основаме неопходните правни субјекти, за да можеме во август да побараме од Регулаторната комисија да започне постапка за издавање лиценци и на претпријатието кое се занимава со дистрибуција на топлинска енергија и на претпријатието кое се занимава со гасификација, рече Шилегов во јуни.

Нагласи дека тоа што се обидува е да го врати на Скопје тоа што било одземено во последните 30 години. Имено таа мрежа е сопственост на градот, затоа што дел од средствата или партиципирањето во изградбата на таа мрежа се токму на граѓаните кои со плаќањето на приклучоците и услугите всушност ја имаат изградено.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?