Кој ќе го наследи милијардерот Рокфелер?
Објавено во: Свет 20 Март, 2017
На возраст од 101 година почина милијардерот Дејвид Рокфелер.
Неговиот портпарол Фрејзер Сајтел наведе дека Дејвид починал утрово во својот дом во својот роден град Њујорк.
Рокфелер беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе во светот. Според податоците на „Форбс“ неговиот имот се проценува на околу 3.5 милијарди долари.
Зад себе тој остави 6 деца. Но, мистерија е кој ќе го наследи затоа што неодамна тој соопшти дека парите ќе ги даде за универзитетот Харвард.„Biznis insajder" објави дека тој дал милијарди долари во хуманитарни цели.
Се очекува дека Харвард може да добие 100 милиони долари, а другото ќе се подели меѓу децата и помали донации.