25 Април, 2024
0.0304

Кој ќе земе 1,56 милиони евра од „Македонијапат“ да ги чисти патиштата?

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Две фирми од Тетово и од Кавадарци, за кои не може да се најде речиси ништо на интернет, добија договори од „Македонијапат“ за чистење државни патишта во вкупна вредност која не може да надмине 1,56 милиони евра. Има ангажмани на камиони, грејдери, булдожери и багери, натоварувачи на „месечен паушал“ и на „повик“. А најважно е тоа што двете фирми биле единствени понудувачи на тендерот на „Македонијапат“!!!

„Македонијапат“ склучи договори за чистење на автопати, регионални и магистрални патишта кои се во нејзина надлежност и за чистење на две фирми ќе им плати до 1,56 милиони евра за период од 5 зимски месеци. Тетовската фирма НБ Транс Сомпану ДОО ќе земе до 1,3 милиони евра за три дела за чистење за кои има склучено повеќе од 40 договори, а кавадаречката фирма ЈА МИ експорт импорт ќе добие до 266.000 евра за чистење на еден дел во кој се содржани 10 договори. Заедничко за двете фирми е тоа што на тендерот немале конкуренција што се гледа од базата на податоци достапни на Бирото за јавни набавки каде пишува дека имало по една понуда.

Имено, податоците се достапни на следниот линк .

Кавадаречката компанија ЈА МИ ДООЕЛ ги доби работите за „патни работи во зимски услови на сите државни патишта во РМ“ за извршување на работите во подружницата „Велес“ на „Македонијапат“. Оваа компанија склучила 10 договори за чистење на државни патишта. За неа не може да се најде многу материјал на интернет освен тоа што претходно добила тендери од Општина Кавадарци за чистење на улици кои ги сервисира и одржува таа општина.

Исто така не може да се најдат на интернет податоци и за тетовската фирма НБ-Транс Сомпану ДОО. Оваа фирма доби три дела од тендерот на „Македонијапат“ и од достапните договори се гледа дека фирмата добила за чистење патишта во западна и северозападна Македонија, во централна, во источна и во североисточна Македонија како и во југоисточниот дел до Струмица. Вкупно за трите дела што ги доби на тендерот како единствен понудувач тетовската фирма склучи 60 договори. Таа ги доби работите во подружниците: „Автопат“, „Скопје“ и „Штип“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди