Кој ќе ја заштити Саудијката која избега од дома за да не ја убијат?
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2019
Девојката од Саудиска Арабија која избега од својата фамилија и одби да го напушти хотелот во Бангкок е прогласена за легитимен бегалец од страна на Обединетите нации, изјавја од австралиската влада.
Рахаф Мохамед ал-Кунун (18) одбила да се качи на летот од Бангкок до Кувајт и се барикадирала во хотелска соба на аеродромот.
Девојката изјави дека се откажала од исламот, што смртно се казнува во Саудиска Арабија.
УНХЦР го испрати незјиниот предмет на разгледување во Австралија.
Осумнаесетгодишна девојка која побегна од својата фамилија вчера ја повтори својата желба за азил во Канада, САД, Австралија или Велика Британија.
Таа го навлече вниманието на корисниците на социјалните медиуми откако почна со лајв-твитинг на секој момент од ситуацијата во која таа се наоѓа. Нејзиниот нов твитер профил доби 50 000 корисници во рок од еден и пол ден.