29 Септември, 2024
0.0250

Кој ќе настине, а кој ќе се смрзне од рускиот гас?

Објавено во: Економија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Премногу отворено прашања, несигурност и недоверба меѓу САД и ЕУ на една страна и Русија на другата страна по прашањето на Украина... Никаков напредок во разговорите Путин – Бајден. Русија инсистира на НАТО демилитаризација не само на Украина туку и на Полска. Дали ќе има „асиметрична“ специјална војна со стратегија „има-нема“ руски природен гас за ЕУ индустријата и за греење на десетици милиони Европејци? Неизвесноста со снабдувањето со гас по домино-ефект ќе „ги ремети“ и берзите на струја...На „нашата“ берза во Унгарија струјата за достава утре се движи од 420 до 475 евра за мегаватчас...

Идат тешки денови на економијата за Европската унија заради се поизвесната неизвесност за редовно и непречено снабдување со руски гас. Истото важи и за сезонското греење на повеќе десетици милиони жители на неколку земји од ЕУ кои зависат од рускиот плин.

Отворените вербални тензии меѓу САД и ЕУ на една страна и Русија на другата заради состојбата во Украина и особено нејзината аспирација за влез во НАТО преминуваат во конкретни мерки на не толку мек притисок за изместување од рововските позиции на двете страни.

Најновата вест што ја потресе Европа е запирањето на доставата на рускиот природен гас низ гасоводот што транзитиран низ Белорусија во стручната јавност познат како „Јамал“. Стегањето на вентилите на овој гасовод што носи руски природен гас низ Белорусија до крајната дестинација Германија преку Полска ги вивна цените на гасот на европските берзи на ниво повисоко од 1.800 евра за нормален метар гас. За доловување на контекст на оние што не се во тек цените на гасот на европските берзи пред две недели беа во границите од 1.200 до 1.300 евра за нромален метар.

Засега не се потврдени причините за запрениот транзит на гас низ овој гасовод, а се шпекулира дека тоа е „одговор“ на белорускиот претседател Лукашенко на европското вето за Белорусија. Сепак најновите вести се дека имало технички проблеми на северозападното подрајче Јамал на работ на Сибир каде што минува гасоводот. Причина биле екстремно ниските температури... Постои веројатност дека снабдувањето ќе се нормализира, но не е сигурно за колку време...

Сега за овој дел од Европа (читајте Германија како најголем потрошувач) останува снабдувањето со руски гас преку гасоводите што минува низ Украина.Тие се „Сојуз“ и „Братство“. Од нив преку гасоводот „Трансгас“ (Чешка и Словачка) рускиот гас доаѓа до Германија, Австрија и до Италија.


Логично е намалената количина во понуда на гас на ова струдено време, кога се зголемува неговата побарувачка пред се како сезонско гориво за затоплување, да ја зголеми и неговата пазарна цена. Особено затоа што ресурсите за пренос на гас се намалени односно „Јамал“ има проблем, а гасоводот „Северен ток 2“ не е пуштен во раота заради тоа што неодамна германската институција што го регулира овој бизнис не му издаде дозвола за да почне со работа.

Сега оваа неизвесност во комбинација со заострените односи меѓу САД и ЕУ на една страна и Русија на другата страна доведоа до невиден раст на цените на рускиот гас на европскиот енергетски пазар.

Дополнително неизвесноста ја зголемува тоа што никој не може да предвиди како ќе се одвиваат односите меѓу Русија и САД во врска со Украина. Од пред некое време САД започна да ја опремува Украина со НАТО оружје на што вербално реагира Русија. Освен вербаланата реакција Русија распореди околу 100.000 војници на својата граница со украинските региони доминантно населени со руски сепаратисти. Русија испрати ултиматум до НАТО дека нема да толерира распоредување на НАТО оружје во земји членки кое може да погоди стратешки цели во Русија (Полска и трите балтички држави членки на северноатлантскиот сојуз).

Дополнително масло на огнот долева политиката на Партијата на Зелените кои се дел од германската влада и чии владини функционери покажуваат отворена нетрпеливост кон руската политика особено во делот со снабдување со гас. Веќе и тоа како се чувствува отсуството на Ангела Меркел во германската политика и нејзината умереност кон Русија.

Неизвесноста (енергетска, економска, безбедносна) е единствено нешто што е извесно дека ќе не очекува во зимава што денеска ни дојде на сите нас на стариот континент...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?