28 Март, 2024
0.0462

Малите компании ќе бидат конкурентни на огласот за премии за изградба на фотоелектрани

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Првиот јавен тендер за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште денеска беше презентиран пред потенцијални инвеститори од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека нема комплицирани услови за учество на тендерот, само заинтересираните инвеститори ќе треба да ги испочитуваат Законот за јавни набавки, фирмата да има бонитет , да има позитивен биланс, да не се осудувани.

„Единствен услов е минималниот премиум, односно најмала поддршка што ќе ја бараат од државата. Парцелите се од 10 мегавати, 2 мегавти еден мегават. Државата ќе ги заврши сите административни работи за да не губат време фирмите и ќе го пренамени земјиштето во градежно. Фирмите ќе треба да направат основен проект и еколошки елаборат. Цената на приклучокот, разговаравме со ЕВН да биде 20 до 30 илјади евра, за да не преговараат секој поединечно од инвеститорите“, истакна Анѓушев.

Тој исто така, потенцираше дека малите компании ќе може да учествуваат во овие инвестиции, и ќе бидат сосема конкурентни, бидејќи, сите фирми кои сакаат да учествуваат за државно земјиште на кое е планирано да се произведува 1 или 2 мегавати, нема да можат да учествуваат оние компании кои сакаат да инвестираат за 5 или 10 мегавати.  Или како што вели тој, доколку имате два стана можете да ги ставите под хипотека и да учествувате на тендерот. 

Отворањето на понудите од јавниот оглас за доделување премии за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште за вкупно 35 мегавати,ќе биде јавно со присустви на медиуми во Клуб на пратеници, најави вицепремиерот.  Од овие 35 мегавати, 25 MW  на земјиште во Азамбагово, кај Свети Николе и 10 MW во Манастирец, на териоторијата на Македонски брод.

Вицепремиерот за овој тендер смета дека нема да се надминат 4 милиони евра годишно, средства кои ќе се одвојат од буџетот. Но, тој очекува да се побарат помали премиуми.

На тендерот може да се јават и домашни и странски компании.

 

Фото You tube

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат