„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2025 13:01
Опозициската СДСМ објави телефонскиот број за кој велат дека е на директорот на СОЗР Ивица Томовски, истиот кој го има и во официјалните документи на фирмата „Сити Аутсорсинг“.
„Кој ќе се извинува сега Томовски? Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра. По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме. Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи“, реагираат од СДСМ.
Велат дека се борат против криминалот и корупцијата и дека така ќе продолжат
„Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ. Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и број. Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски. Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма. Затоа, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. Кој сега ќе се извинува Томовски? Само на граѓаните може да им се извините! Но ќе дојде и тоа, кога ќе одговарате, сите до еден! Работата не е завршена“, соопшти СДСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





