КОЈ КОГО ЌЕ ИСТЕПА ПОСИЛНО, Трамп и Бајден со жестоки навреди
Објавено во: Свет 22 Март, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е слаб и физички и ментално, откако тој рече дека „би го претепал Трамп во средно училиште“.
Бајден претходно изјави дека никогаш не би дебатирал со човек кој станал „национален лидер“ зборувајќи дека „може да ја фати секоја жена за што и да сака, а неа тоа би и се допаднало“.
Следуваше жестока реакција од Трамп.
Лудиот Џо Бајден се обидува да се однесува како опасно момче. Всушност, тој е слаб – и ментално и физички, но и натаму ми се заканува со физички напад, веќе вторпат. Тој не ме знае, но брзо и силно би паднал, плачејќи цело време. Џо, не им се заканувај на луѓето, напиша Трамп на Твитер.
(МИА)