Кој лани земал фантастични 225 илјади евра месечна бруто плата?
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017
225 илјади евра месечна бруто плата земал работник во приватното здравство.
На сметката на доктор од Скопје за цела година легнале 2,7 милиони евра со што тој е најплатениот Македонец за 2016 година.
Од Управата за јавни приходи посочуваат дека се повеќе се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните и дека група на богати стануваат се побогати.
Директорката на УЈП Соња Лукаревска здравството, фармацијата и информатичките технологии се сектори кои земаат највисоки плати.
За потценување не се и пензионерите.
Лани највисока пензија земал исто така Скопјанец кој месечно добивал по 2.500 евра или годишно заработил 30 илјади евра.
„416.000 евра е највисокиот исплатен бонус од работен однос на годишно ниво“, покажуваат анализите на УЈП од поднесените годишни даночни пријави кои се показател за нивото на даночната свест и усогласеност на граѓаните“, вели Лукаревска.
Скопјанец кој лани од игри на среќа остварил добивка од 447 154 евра. Најсреќен лани бил граѓанин од Скопје кој од игри на среќа остварил 27,5 милиони денари или 447 илјади евра.