25 Април, 2024
0.1113

Кој менаџер има бруто плата од 50.000 евра и не ја крие?

Објавено во: Економија 09 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Раководниот тим на погребниот сервис „Бутел“ е пример за транспарентност при објава на податоците на бруто и нето плати. Детално, по ставки за секој од членовите. Приходите пораснале за еден милион евра, а и добивката пораснала за 33 отсто. Минатата година е една од најтешките години од друг аспект, а поради пандемијата на корона вирусот за жал многу луѓе починаа. 

Од друг аспект, сепак скопскиот погребен сервис „Бутел“ е пример за транспарентно известување на инвеститорската јавност. Во годишниот извештај достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ компанијата во детали ги објави бруто и нето примањата на управувачката и надзорната структура, а тоа е реткост на нашиот пазар на капитал.

Најголемото скопско погребно друштво лани во пандемиската година направило приходи 3 милиони евра што е за една третина повеќе во споредба со претходната година кога приходите изнесувале 2 милиони евра. Добивката на друштвото на крај на минатата година надмина 206.000 евра и тоа е за 34 отсто подобар резултат од претходната година.

Најдобро платен во „Бутел“ е генералниот менаџер Саит Хајровиќ кој има бруто годишна плата од 50.000 евра. Неговата месечна нето плата е 2.740 евра, а годишниот надоместок за членство во органот на управување изнесува 1.760 евра. Транспарентноста при објавата на примањата оди дотаму што за секој од членовите на управата и надзорниот орган се објавени дури и нето примањата за регрес за годишен одмор и новогодишниот бонус.

Сите информации се јавно достапни на следниов линк

Погребниот сервис „Бутел“ е акционерско друштво основано во 2006 година и годинава има јубилеј од 15 години постоење. Вработува 130 лица. Доминантни сопственици на компанијата се Саит Хајровиќ , кој воедно е и генерален менаџер, и поседува 52,5 отсто од акциите со право на глас и Драгољуб Гроздановски кој има 41,3 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија